Како Путин го заврши шоуто „Претседателски избори 2018“
Објавено во: Анализа 21 Март, 2018 08:13
Рускиот претседател Владимир Путин, покажа гест на милост, со тоа што ги повика сите кандидати за претседател на Русија кои во неделата изгубија од него на изборите, со цел да прикаже заедништво и надминување на политичките разлики или негативни пораки кои се вообичаени за една изборна кампања.

Путин на своите политички противници им порача дека сите критики кои тие ги имале биле забележани и дека истите ќе бидат дел од новата програма на извршната власт на Русија. Претседателот најмногу време посвети на тоа што планира тој да постави како приоритет во наредните години за што очекува помош и од нив за заедничка Русија која ќе бележи просперитет и ќе ги штити своите национални интереси.
Владимир Путин, посочи дека нема намера да започнува трка за вооружување со САД и дека Русија располага со многу модерно и напредно оружје и затоа ќе следат намалувања на трошоците за воените буџети.
Во фокусот ќе биде ставени иновациите и напредок на технологијата во руската економија, намалување на јазот меѓу сиромашните и богатите, подобра здравствена нега и образование.
Сепак, кандидатите кои му се спротиставија на Путин немаа никакви шанси да победат на изборите, додека пак најсилниот опозиционер Алексеј Навални му беше забрането да се кандидара под наводни обвиненинија за економски криминал. Навални кој повеќе пати беше апсен на анти-Путин протестите е целосно замолкнат и притиснат од страна на Кремљ кој лично ги одбра кандидатите кои може да трчаат во претседателската трка каде не смееја директно да го напаѓаат Владимир Путин туку само владата и проблемите во Русија.
Кремљ успеа да обезбеди силен легитимитет на Путин со едно претседателско изборно шоу каде навистина одзивот на гласачи беше огромен, а и гласовите за екс разузнавачот беа на највисоко ниво за да може тој да владее уште 6 години без никакво оспорување.
Руската политика е навистина уникатна каде во преден план се прават многу жртви во интерес на клучните државни стратешки цели за кои Кремљ сега верува дека единствено Путин може да ги реализира. Затоа е загушена медиумската плуралност иако самиот проблем со слобода на говорот не е преголем, туку едноставно многумина одбиваат да бидат опозиционери сметајќи дека подобро е Русија да има унифицирано водство за да му се спротистави на агресивниот „Запад“, особено САД кои наметнаа жестоки санкции и секогаш го потценуваат рускиот народ непочитувајќи го нивното право за реализација на пошироките интереси на глобалната сцена.
Русија, дефинитивно не е демократска земја, но на некој начин е обединета во заедничка цел, а токму тоа Путин генијално го спроведува веќе втора деценија.
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





