01 Ноември, 2024
0.0279

КАКО РАБОТЕШЕ „МАКПЕТРОЛ“ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ - БРОЈКИ ЗА РЕСПЕКТ - добивка од над 8 милиони евра, три пати повисока од истиот период лани

Објавено во: Економија 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Двојно зголемување на приходите и речиси трикратен пораст на добивката. Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, „Макпетрол“ буквално држи лекции по успешност во бизнисот.

Компанијата ги објави свите финансиски извештаи за првото полугодие од годинава, кои говорат за повеќе од солиден пораст на приходите, но и зголемување на добивката, што означува дека за добрите бизнис играчи кризите не треба да претставуваат препреки во работењето.

Ако го погледнеме неконсолидираниот Биланс на успех на „Макпетрол“ за првото полугодие, би можеле да констатираме дека добивката по оданочување е речиси трикратно зголемена.

Или, во првите шест месеци од годинава нашата нафтена компанија остварила нето добивка по оданочување во износ од 8,63 милиони евра, наспроти нето добивка од 3,41 милиони евра, што значи дека оваа година „Макпетрол“ регистрира зголемување на добивката од фантастични 153 проценти. Тоа е резултат за респект и многу привлечен показател за акционерите и за инвеститорската јавност.

Билансот на успех на „Макпетрол“ говори дека оперативните приходи на компнијата се зголемени за 84 проценти, или, тие во првото полугодие од годинава се на ниво од одлични 264 милиони евра.

Пртоа, најголемиот дел од приходите на „Макпетрол“ отпаѓаат на приходи од продажба, и тоа главно приходи од продажба на домашниот пазар, иако е забележан значаен пораст и на приходите на странските пазари.

Или, бројките говорат дека во првите шест месеци од годинава приходите од продажба на „Макпетрол“ на домашниот пазар изнесувале 248 милиони евра. Тоа во однос на истиот период од минатата година е зголемување за респектабилни 77 отсто.

Кога станува за приходите на странскиот пазар, пак, тие се многу помали од оние направени од работењето дома, но кај нив има фантастичен процент на зголемување. Или, приходите од продажба на странски пазар изнесувале близу 14 милиони евра, но растот кај нив е пресметан на дури 378 проценти.

Огромен пораст од над 500 проценти има и кај останатите оперативни приходи, кои изнесувале околу два милиони евра и кај нив зголемувањето е за 538 проценти.

На расходната страна, пак, кај оперативните трошоци исто така има зголемување, но пониско од она на приходите, и тоа изнесува 82 проценти.

За двојно е зголемена и набавната вредност на трговските стоки, како и трошоците за суровини и други материјали, што говори за значителното зголемување на цените на нафтените деривати на светскиот пазар.

Пораст од 13 отсто има и кај тропоците за вработените, што укажува дека „Макпетрол“ е компанија која се грижи за своите вработени, бидејќи овој податок укажува или на нови вработувања, или на зголемување на платите, или, пак, на комбинација на двата фактори.

Сето ова придонело за првите шест месеци од годинава „Макпетрол“ да има оперативна добивка од 7,84 милиони евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за 223 проценти.

Компанијата има и солидни приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики, се гледа од билансот на успех.

Сето ова, како што веќе напишавме, резултира со одличен финансиски резултат од 8,63 милиони евра, како нето добивка која им припаѓа на акционерите на друштвото.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ВО ФОЛКСВАГЕН ПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Ова е деталната листа на плати по професија во фабриката која се распаѓа

ВО ФОЛКСВАГЕН ПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Ова е деталната листа на плати по професија во фабриката која се распаѓа

ЗАГРОЗЕНИ СЕ 140.000 РАБОТНИ МЕСТА: Длабока криза

ЗАГРОЗЕНИ СЕ 140.000 РАБОТНИ МЕСТА: Длабока криза

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон