16 Декември, 2025
0.0989

Како Санадер влечел пари од државата за партијата?

Објавено во: Балкан 11 Март, 2014 13:00

Добивај вести на Viber

Случајот „Фими Медиа“ е веројатно најголемата корупциска афера во Хрватска, а по две години судење експремиерот Иво Санадер и неговите најблиски соработници денеска беа осудени за извлекување на пари од државните институции и со нив ги полнеле сопствените џебови и касата на партијата ХДЗ. Во текот на судскиот процес, поранешната благајничка на ХДЗ Бранка Павошевиќ признала дека со пари од црните партиски фондови се исплаќале многу функционери од партијата. Поранешниот ризничар на ХДЗ Младен Баришиќ, пак, открил дека со парите биле исплаќани и медиуми, коалициски партнери и естрадни ѕвезди кои настапувале за промоција на оваа партија. Имињата на хрватските пејачи Жак Худек, Нина Бадриќ, Мишо Ковач добиле пари за да настапуваат на предизборните митинзи на ХДЗ, додека Марко Перковиќ - Томпсон примил над 65 илјади евра само за да не настапува за подесничарската конкуренција на ХДЗ. Баришиќ признал дека со парите од агенцијата Фими Медиа ги плаќал и крстарењата на Санадер низ луксузни дестинации, како и уметничките дела што поранешниот премиер ќе ги изберел при прошетка низ галериите со блиски пријатели. Павошевиќ во судењето истакнала дека исплати од црните партиски фондови добивале и повеќе тогашни хрватски министри. Иако тие ги демантираа нејзините тврдења, таа своите наводи ги поткрепи со „црн бележник“ во кој биле регистрирани сите плаќања и кој го криела закопан во сопствениот двор. Санадер се бранеше дека на ниту еден од документите нема негов потпис и никакви траги за да се докаже ваквото движење на парите. Тој тврдеше дека капиталот го стекнал во годините кога работел како претприемач во Австрија, пред да стане хрватски премиер, а ниту една од недвижнините на негово име не била купена по 1994 година. По пресудата, ХДЗ на државата треба да и врати над 3 милиони евра. Санадер ќе треба да врати 835 илјади евра во готовина, но ќе остане и без уметнички дела и недвижен имот вредни над еден милион евра. Освен ова, поранешниот хрватски премиер доби и 9-годишна затворска казна.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството