29 Март, 2024
0.0535

Како се делеле пари за лекувања во странство: Ревизорите откриле слабости кај ФЗОМ

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Барателот на пари за лекување во странство нема можност да се жали во друга второстепена комисија туку во истата која одлучувала за барањето во прв степен. Ова е една од слабостите кои Државниот завод за ревизија ги констатира во последниот ревизорски извештај за Фондот за здравстено осигурување. Извештајот се однесува на работата на Фондот од 2015 година до крајот на 2017 година и е одговорност на Сашо Стефаноски, Орхан Рамадани и актуелниот директор Данаил Дончев. 

Во извештајот стои дека со оглед на тоа што работењето на комисиите за доделување средства за лекување во странство е согласно Законот за општа управна постапка мора да има и друга второстепена комисија каде барателот ќе може да се жали. Меѓу слабостите е наведено и тоа дека Фондот не врши контрола за тоа како завршиле парите кои веќе ги исплатил.

Ревизорите откриле и други слабости за исплатата на парите за лекување во странство.

Постапката за упатување за лекување во странство не е уредена како посебен вид постапка, односно има третман на општа управна постапка. Карактеристките на ваквиот вид постапки кои се сложени, со долги рокови и обемна документација, не одговараат на спецификите и суптилноста на активностите во постапката за упатување на лекување во странство. Имено вп 30 отсто од донесените решенија за лекување во странство, пробиен е законскиот рок од 45 дена предвиден за решавање, стои во ревизорскиот извештај.

Ревизорите уште тврдат дека нема контрола како се потрошени парите за лекувањето.

„Во сметководствената евиденција на позицијата дадени аванси во болници во странство на 31.12.2017 година евидентирани се средства во износ од 313.596.000 денари. Во отсуство на евиденција и информација за статустот на лекувањата како и поради потешкотиите во обезбедувањето на отпусни листи фактури и медициснка документација од странските здравствени установи каде се завршени лекувањата, Фондот нема информација колкав дел се однесуваат на незавршени колкав на завршени лекувања, велат ревизорите.

Според нив, во 2017 година за оваа намена исплатени се 394.657.000 денари. Во 2016 година сумата била 469.619.000 денари, а во 2015 се 276.934.000 денари.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот