05 Декември, 2025
0.0715

Како се делело државното земјиште?

Објавено во: Агробизнис 06 Јуни, 2016 07:51

Добивај вести на Viber

Отуство на инспекциски надзор за распределба на државното земјоделско земјиште, неевидентирање на побарувањата по основ на закуп на земјиште, нефункционирње на земјишен регистар, отсуство на увид од страна на надлежните какво земјиште се распределува- ова се само дел од проблемите и слабостите што ги лоцирал Државниот завод за ревизија во најновиот  извештај насловен како „Ефиканоста на мерките и активностите превземени од надлежните органи  за управување со земјоделско земјиште“.Со ревизијата е опфатен периодот од 2013 година до 2015 година. Овластениот ревизор во извештајот констатирaл дека дека честите измени на законските регулативи, незаконското применување на пропишаните норми и отсуството н имплементција на дел од законските решенија, создаваат ризик и влијат врз ефикасноста на мерките за управување со земјоделското земјиште во државна сипсотвеност. „ Постои ризик во водењето ефикасна земјишна политика и упрвување со земјоделското земјиште односно ефикасно следење на процесот на евидентирње на земјоделското земјиште во државна сопственост, издавње под закуп, следење на наплатата за закупнина и користење ажњурирни катастерски податоци при објвувње на огласи за издавње на земјоделско земјиште поради нефункцинирање на земјишниот регистар“, посочува овластениот ревизор. При тоа во речиси секое поглавје кое се однесува на постапки во политикта за распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост, како издвање под закуп, следење на наплата на закупнина, сорботка меѓу надлежните институции, контрола и надзор во користењето и управувњето со земјиштето, плодоуживање, ревизирот констатира слабости и ризици во водењето на земјишната политика. „Постои ризик од неефикасно и несоодветно спроведување на постапките за издавање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп.Постои ризик од нецелосна евиденција и веродостојна база на податоци во делот на закупнината што влије на следењето и контролата на наплатата на закупнината согласно склучените договори и проекцијата за очекуван приход. Постои ризик во спроведувњето на ефикасен и квалитетен инспекциски надзор поради непречистени и неажурирани податоци“, се нотира во извештајот. Што се случувало со земјиштето кое му беше доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој? При увидот во еден од договорите за површина од над 10 хектари, овластениот ревизор констатира дека  по спроведената постапка за објавување на јавен оглас за површини од над 10 хектари со избраниот најповолен понудувач прво во мај 2013 година склучен е договор за закуп на земјоделско земјиште за површина од 5.353 ха 95 ари 46 метри квадратни, со годишна закупнина од 121.000 евра, во времетрање од 15 години. Но во записникот за воведување во владение на земјиштето се впишува површина од 4.756 ха 77 ари и 87 метри квадратни, поради констатирани површини кои немаат статус на земјоделско земјиште (патишта,канали, шумски појаси), но не е направен анекс на договорот. Иако официјално во извештајот не се споменува за кое земјиште станува збор, сепак наведените податоци и услови од договорот упатуваат на земјиштето во Свети Николе кое беше во сопственост на агрокомбинатот „Џумајлија“, па потоа му беше доделено под закуп на индискиот бизнисмен Сувбрата Рој. Но по извесен период му беше одземено на Рој поради неисполнување на условите од договорот. „Согласно предвидените услови во јавниот оглас и склучениот договор закупецот меѓу другото е должен во првите 18 месеци по склучување на договорот да инвестира најмалку 60 милиони евра и да вработи 900 вработени односно во првите години да инвестира најмалку 200 милиони евра и бројот на вработени да достигне 2.000 вработени. При тоа предвидено е закупецот да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во висина од 5% од вкупната вредност на предвидените инвестиции за првите 18 месеци со важност за тој период, а најдоцна 30 дена пред истекот на банкарската гаранција која е повторлива и ќе трае се до конечната ревизија на сите предвидени обврски согласно договорот“, се наведува во извештајот. Ревизорот посочува дека поради неизвршување на обврската за обновување на банкарската гаранција од страна на закупецот министерот во ноември 2014 година еднострано го раскинал договорот за закуп и ја активирал банкарската гаранција од 3 милиони евра, по што земјиштето кое во меѓувреме не е користено од страна на закупецот, со записник е одземено од владение без присуство на претставници на закупецот. Дел од истото земјиште поделено во четири географски целини со вкупна површина од 4.484 ха 51 ари 75 метри квадратни е објавено за давање под закуп на јавен оглас во 2015 година. Тогаш од понудувачите се бара во бизнис планот да предвидат минимална инвестиција од 6 милиони евра за првата географска целина, односно по 2 милиони евра за останатите три географски целини со рок на изградба од 4 годони. Ревизорот констатирал дека по спроведеното електронско јавно наддавање извршен е избор на најповолен понудувач кој во истовреме е и едниствен понудувач за четвртата географска целина со површина од 1.1136 ха 60 ари 23 метри квадратни.За останатите географски целини не се јавиле понудувачи и истите се повторно објавени во јавен оглас за кој роковите за доставување на понудите се во тек. „Од презентираните информации утврдивме дека најголемиот дел од предметното земјиште во 2012 година е одземено од владение од претходиот закупец, на кој со Изјава еднострано му е раскинат договорот за закуп поради неплаќање на закупнината и над кој е покрената стечајна постапка, што упатува на заклучок дека значаен дел дел од земјоделското земјиште во државна сопственост веќе неколку години е необработено, односно не е користено за земјоделски цели“, нотира овластениот ревизор. Како се издавало и доделувало државно земјоделско земјиште во закуп по пат на јавен оглас Од документацијата произлегло дека значаен дел од моментно важечките договори за закуп се склучени во перидот пред 2007 година врз основа на Законот за земјоделско земјиште кој важел од 1998 до 2007 година.Согласно тој закон долгорочниот закуп бил од пет до 40 години  краткорочниот до пет години.Сега од извршениот увид во овие договори за закуп и презентираните информации од вработените во ресорното министерството, ревизизорот констатирaл: „За дел од нив не се склучени анекси согласно утврдените барања до договорите а кои се однесуваат на начинот на плаќае за користење на земјиштеотоЗа одредени закупци (поранешни агрокомбинати) со кои биле склучени договори за закуп на значајни поврпини земјоделско земјиште, во меѓувреме се покренати стечајни постапки, поради што земјиштето извесен период не било користено или било предмет на узурпација односно подзкуп. За дел од краткорочните договори по истекот нивната важност на договорот не се преземени мерки за носење решение за престанување на важноста и одземање на владението врз земјиштето, и истото понатаму продолжува да се користи од дотогашните закупци, а нема дека е извршен инспекциски надзор и бришење на корисничкото право“, се наведува во извештјот. Од ревизијата се утврдило дека во периодот од 2013 -2015 година  објавени се повеќе огласи за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп. При тоа се посочува дека во текот на 2014 и 2015 година Законот за земјоделско земјиште претрпел неколку измени.Врз основа на документацијата ревизорите констатирале дека површините што се објавуваат во јавните огласи за давање под закуп се утврдуваат врз основа на расположливите катастарски податоци содржани во имотните листови добиени од Агенцијата за катастар. Но вработените во Министерството за земјоделство, немаат воспоставено пракса да прават увид на лице место за потврдување на фактичка сосотојба, поради се случувало на јавен оглас да се објават површини кои се под вода, шуми, спортски игралишта, изградени објекти, со долгодоишни насади, земјиште со правни товари и слично. „Дел од избраните најповолни понудувачи, доставиле изјава заверена на нотар дека се откажуваат од договорот за што се наведуваат повеќе причини како што се економска неисплатливост поради неадекватни површини и квалитет на земјоделско земјиште, како и неможноста предметното земјиште да се стави во владение  поради тоа што истотото противправно веќе се обработува од страна на други лица, а при тоа нема доказ дека се преземени сите потребни мерки и активности за потврдување на таквата состојба вклучително и извршен инспекциски надзор.Дел од избраните понудувачи по склучување на договорот за закуп и покрај превземените активности од страна на Подрачните единици (ПЕ) не доставиле геодетски елаборат и записнички земјоделското земјиште не го примиле во владение во рок од една година по изборот, со што договорот не произведува правно дејство“, се посочува во извештајот. Се ообјавувале огласи за електронско наддавање, а веб апликацијата не работела Минатата година се објавени два јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, при што пондувачите се упатуваат пријавувањето на електронското јавно наддавање да го вршат со најава на www.zemjodelsko-zemjiste.mk. Со ревизијата се утврдило отсуство на донесен подзаконски акт кој е утврден со одредбите на член 27-а од Законот за замјоделско земјиште и необезбедени услови за користење на посочената веб апликација. При тоа електронското јавно наддавање за еден од огласите е спроведено со користење на постојаната апликација на веб страна на Министерството „Електронска аукција“, а на аукцијата имало двајца понудувачи за две посебни географски целини, поради што практично не се спровело наддавање над почетната цена. Во текот на ревизијата биле презентирани информации за отпочната постапка за донесување на подзаконски акти за пропишување на минималните технички стандарди и услови во поглед на опремата(хардвер) како и функционалноста на софтверот за електорнско јавно наддавање,начинот на користење, а која до денот на известување од извршената ревизија не е завршена.Ревизирот нотирал неправилности и во други постапки поврзани со доделувањето на земјоделското земјиште во државна сопственост. „Дел од избраните најповолни понудувачи со кои е склучен договор за закуп за површини над 10 хектари по објавен оглас во 2014 година, не доставиле банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот, а дел од доставените банкарски гаранции се издадени за период кој не го покрива целото времетраење на договорот. Со изменувањето и дополнувањето на Законот за земјоделско земјиште во 2015 година воведена е одредба за нивно обновување на секои три години“, се наведува во извештајот. Земјишниот регистар е неажуриран Ревизорот констатира дека за резултатите од спроведените постапки со јавен повик во 2015 година до денот на известување од извршена ревизија, не се доставени официјални документи од страна на комисијата за спроведување на постапките во Секторот за земјоделско земјиште. На ревизијата и биле презентирани информации од вработените во неколку Подрачни единици на Министерсвото. „Во отсуство на ажуриран земјишен регистар, ваквиот начин на постапување и организација во постапката на доделување на земјоделско земјиште по пат на јавен повик влијае на сигурноста, точноста и целосноста на бараните/доставените информации, кои пак се основа за донесување одлуки при избор на најповолен понудувач по спроведениот јавен повик од страна на комисијата за спроведување на постапката“, стои во извештајот. При тоа се посочуваа дека е набавен софтвер  со пари од ФАО во вредност од 906.000 денари. Софтверското решение е за управување со земјиште во државна сопственост. Софтверот е примен  во 2012 година, а почнувајки од март 2013 година не е во функција затоа што не е склучен договор за сервисирање и одржување на софтверот. Ревизорот посочува дека во стратешките документи како „Националната стратегиија за земјоделство и рурален развој 2014-2020“, освен утврдената стратешка цел која се однесува на окрупннување и консолидација на земјоделското земјиште во стартешкиот документ 2014 -2020 година не се утврдени стратешките цели во насока на унапредување на процесот на управување со земјоделскто земјиште во државна сопственост. Ревизијата смета деке потребно да се истакне дека постои потреба од утврдуање на стратешки документи  и цели во насока на систематксо и планско управување со земјоделското земјиште во државна сосптвеност заради водење на ефикасна земјишна полтика и донесување на соодветни мерки и активности за обезбедување на рационално и ефикасно искористување на истотот. Во извештајот ревизорите наведуваат дека не  добиле податоци за вкупното земјоделско земјиште во сопственост на Р.Македонија, како и евиденција на необработливото земјоделско земјиште од страна на ресорното Министерство од причина што со таквите податоци Министерството не располага. Овие податоци ги добиле од катастар, но не може да ги компарираат со министретвото. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?