05 Декември, 2025
0.0848

Како се наплаќала закупнината за земјоделско земјиште?

Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2016 07:59

Добивај вести на Viber

Отуство на инспекциски надзор за распределба на државното земјоделско земјиште, неевидентирање на побарувањата по основ на закуп на земјиште, нефункционирње на земјишен регистар, отсуство на увид од страна на надлежните какво земјиште се распределува- ова се само дел од проблемите и слабостите што ги лоцирал Државниот завод за ревизија во најновиот  извештај насловен како „Ефиканоста на мерките и активностите превземени од надлежните органи  за управување со земјоделско земјиште“.Со ревизијата е опфатен периодот од 2013 година до 2015 година. При спроведената ревизија се констатираало дека Министерството за земјоделство не превземало активности за „Воспоставување на сметководствена евиденција на побарувањата по основ на закупнина за земјоделско земјиште во државна сопственост“. При тоа средствата од закупнината се уплатувале на посебна сметка во рамките на терзорската. Но, ревизорите појаснуваат дека законските одредби според кои Буџетот на РМ нема обврска во своето сметководство да обезбедува податоци за побарувањата по основ на закупнина за земјоделско земјиште. „Побарувањата по основ на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост сметководствено не се евидентираат во ниту еден надлежен орган што влијае истите да не претставуваат предмет на инвентарисување, односно ваквата состојба претставува можен ризик за нецелосно и неточно остварување на приходи по наведениот правен основ и бесправно остварување на корист од страна на закупците“, се наведува во извештајот. При тоа ревизорите предупредуват дека тоа пак од друга страна остава простор земјоделското земјиште да се користи без да се плаќа закупнина на штета на Буџетот. „Наведените состојби влијаат Министерството да не располага со целосни евиденции/веродостојна база на податоци за закупнината што влијае на следењето и контролата на наплата на закупнината согласно склучените договори и можност да се врши  користење на земјоделско земјиште без да се подмирува закупнината со што се врши потценување на прихдоите на Буџетот на РМ“, наведуваат ревизорите. Нема податоци колку закупци не ги подмириле долговите При ревизијата се утврдило дека во однос на следењето на наплатата на закупнината, не се води соодветна евиденција за должниицте. Ревизорите побарале да им бидат доставени точно утврдени податоци, но не ги добиле така како што побарале. При тоа ревизорите навеле дека и покрај тоа што ревизијата упатила барање до Секторот за земјоделско земјиште за обезбедување на ажурирани податоци за бројот на должници за годините предмет на ревизија, каде што истовремено ќе бидат презентирани податоци за активни, раскинати и истечени договори како и податок за периодот за кој се однесува долгот, истите до денот на известување од извршена ревизија не биле обезбедени.Исто така во извештајот се посочува дека се поднесени тужбени барања, но се даваат различни податоци. Во „Информацијата за сите склучени договори, со податоци за тоа колку договори има каде што повеќе од два квартала не е платен надомест за закупнина“ доставен до Владата на 18.09.2015 година како должници се водат 828 субјекти за износ од 162/134.000 денари и тоа по договори склучени од 1999 па се до 2013 година. Во Информацијата наведено е дека од 828 субјекти кои се водат како должници, 472 договори за закуп се уште се активни, 182 договори за краткорочен закуп се истечени и 174 договори се раскинати. Но списокот на должници е изготвен на начин кој не дава податоци кои од наведените договори се активни, раскинати, и истечени како и податок на која година се однесуваат долговите имајќи во предвид дека вкупниот наведен долг опфаќа договори склучени од 1999 до 2013 година. „И покрај тоа што ревизијата упати барање до Секторот за земјоделско земјиште за обезбедување на ажурирани податоци за бројот на должници за годините предмет на ревизија , каде што истовремено ќе бидат презентирани податоци за активни, раскинати и истечени договори како и податок за периодот за кој се однесува долгот, истите до денот на известување од извршена ревизија не беа обезбедени“, се наведува во извештјот. На ревизијата и бил презентиран табеларен приказ на раскинати договори вкупно 39 само за 2013 година, не и за пред и после таа година. При тоа ревизорите утврдиле дека според истата Информација во врска со договорите, во изминатиот период Министерството поднело повеќе до 250 барања за поведување постапка за наплата на закупнина по судкси пат при што за дел од истите се донесени пресуди со кои најголем дел се уважуваат тужбените барања и се задолжуваат закупците да го исплатат побараниот долг зголемен со процентот за пресметаната затезна камата, додека за износот на долгот се донесуваат пресуди со кои се отфрлаат тужбените барања поради застареност и други правни причини утврдени од страна на судот како пречка за признавање на побарувањето.При тоа ревизијата констаира дека податокот за бројот на поднесените тужбени барања  дадени во Информацијата, не соодвествува со бројот наведен во Прегледот на тужени закупци обезбеден од Секторот за земјоделско земјиште и истовремено констатира дека наведениот преглед  не содржи целосни податоци за тужените закупци. Ревизорите побарале потврда од  Секторот за нормативно правни работи со цел обезбедување евиденција за тужените закупци/ покренатите постапки со конкретни податоци (назив на закупец, по кој договор  е покрената постапката, причина за покренување на постапката, исходот од постапката), но истата, на ревизијата не и била обезбедена, со усно образложение дека Секторот за  нормативно правни работи не води таква евиденција. Исто така на ревизорите не и им биле презентирани податоци дали Министервото на сите должници им доставило опомена согласно која доколку не ги подмират обврските спрема Министерството во рок од 10 дена, тогаш Министервото да ги преземе потребните активности согласно законските прописи. Како се правеле цесии? Министерсвото не располага со податоци за бројот на закупци кои не ги исполниле условите и ја оствариле можноста за пребивање на средствата а кои и понатаму се водат како должници за неплатена закупнина, што влијае на постапките за раскинување на договорите за закуп поради неплатена закупнина. За наплата на побарувања за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост од закупците, се склучуваат и договори за цесии помеѓу Министервото, Агенцијата за финансиска поддршка и закупците со кои се врши пребивање на долгот за закупнината со финансиска подршка, субвециите одобрени од страна на Агенцијатза финансика подршка.За таа цел Министервото до Агенцијата доставува податоци за должници. “Според информациите добиени од вработените во Агенцијата, неажурната евиденција на Подрачните единици (ПЕ) на Министервото за подмирени обврски од закупците е причина за поднесување на претстави/приговори од страна на закупците на кои не им биле одобрени субвенции поради неподмирен долг или ненавремено подмирен долг“, се посочува во извептајот. Овластениот ревизор констатира дека ресорното Министерство не располага со податоци за бројот на закупци кои не ги исполниле условите и ја оствариле можноста за пребивање на средствата, а кои и понатаму се водат како должници за неплатена закупнина, што влијае на постапките за раскинување на договорите за закуп поради неплатена закупнина.Исто така се нотира дека Министерството нема донесено интерен акт за начинот на кој ПЕ треба да ја водат евиденцијата за закупеното земјоделско земјиште и закупнината за земјоделско земјиште во државна сопственост дадено под закуп. Ревизијата констатира дека Министерството нема донесено интерен акт за начинот на кој ПЕ треба да ја водат евиденцијата за закупеното земјоделско земјиште и закупнината за земјоделско земјиште во државна сопственост дадено под закуп. „Евиденциите што се водат во Министервото не претставуваат веродостојна база на податоци која ќе послужи како основа за проекција на очекуваните приходи по основ на закупнина при изготвување на Буџетот на РМ за наредната година“, стои во извештјот. Несоодветен инспекциски надзор При ревизијата, е утврдено дека има несоодветна покриеност со инспекциски надзор над спроведување на одредбите од законите и договорите за закуп на земјоделско земјиште како и постојаната комуникација и соработката со Државниот инспекторат за земјоделство и Министерсвото. Тоа, како што се посочуваа во извештајот има влијание на начинот на управување и користење на земјоделското земјиште овозможувајќи истото не секогаш да се користи за намените за кои е доделено. Инаку во заклучоците ревизорите посочуваат дека мерките за управување со земјоделското земјиште, не секогаш обезбедуваат најдобро искористување на земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс, негово користење за намените утврдени во договорите и целосна и навремена наплата на закупнината. Се препорачуваа донесување на пречистени текстови на законските и подзаконските акти, кои иако требало, досега не се направени од страна на собраниската комисија, потоа се бара донесување на подзаконските акти кои исто така иако требало, не се донесени. Ревизорот посочува дека откако се утврдени слабостите, на надлежните институции вклучително и на Министерството за земјоделство им дале дури 17 препораки што институциите треба да ги исполнат. По Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор министерот за земјоделство Михаил Цветков доставил известување за преземените мерки по дадените препорки.Овластениот ревизор посочува дека истите се рагледани и констатирно е дека за првата точка од извештајот која се однесува правната рамка, веќе се содржани информации во Нацрт извештајот, а за втората точка која се однесува на зенјишниот регистар, издавање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, следење на наплата на закупнина и соработка меѓу надлежните институции, не се доствени дополнителни докази. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?