КАКО ТРГНАА, ОД ЧАИР ЌЕ НАПРАВАТ МОНТЕ КАРЛО: А таму реално, нема игла каде да се фрли, а камо ли да се прават нови паркинзи и проширување на улици
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 08:00
Изборната кампања е во полн ек, а се чини дека една од најголемите битки е за Чаир, токму помеѓу поранешните сопартијци Изет Меџити од Влен и Бујар Османи од ДУИ.
Едниот веќе три мандати беше чаирски татко, додека другиот е само жител на Чаир. Двајцата ветуваат дека ќе изградат еден нов Чаир, поинаков од хаосот во кој живеат чаирчани.
Во обид да се добие глас повеќе, двајцата ветуваат дури и нереални проекти. Нови паркинзи, проширување на булеварот Цветан Димов, а во реалноста тоа е само обична бајка, бидејќи, ако некој бил или живее во Чаир, веднаш ќе му стане јасно дека таму повеќе нема место каде игла да се фрли.
Хаосот е до толку голем што дури и тамошните жители почнаа да се иселуваат во потрагата по помирен живот.
Коли на сите страни, прав, дуќани, ресторани со распослани маси на тротоари, роба на пешачките зони, е единствената слика која ја дава оваа скопска населба.
Некогаш најубава, денес синоним за хаос...
Изет Меџити во оваа кампања нуди прошитување на булеварот Цветан Димов. Според неговата замисла, тој од крстосницата кај судовите, па се до обиколницата во Бутел, треба да има шест ленти, по три на секоја страна. Убава идеја, но стара и речиси неизводлива, затоа што нема каде да се прошири булеварот. Оваа идеја постои со години наназад, но Меџити кога беше градоначалник не се осмели да ја спроведе затоа што тоа ќе го чинеше градоначалничко столче.
Сега тој предлог повторно е на маса.
Во својата програма Меџити ветува дека ќе ги отстрани терасите на дуќаните како и нелегалните градби и тезгите што ги зафаќаат тротоарите за да се овозможи проширувањето на булеварот.
„Постои студија, имало и разговори со граѓаните овде! Нема да се руши ниту една куќа, ќе се отстранат неколку тераси за кои и кога ги граделе знаеле дека ќе дојде денот кога ќе треба да се прошири овој булевар. Како што гледате, тоа се тераси што со добра волја ќе се отстранат. Но и за тоа ќе бидат обештетени – околу 3 милиони евра се предвидени за процесот на експропријација. Ниту еден граѓанин нема да остане оштетен и необештетен.“, порача Изет Меџити.
Булеварот според жителите, нема каде да се прошири затоа што само еден тротоар ги дели зградите и трговците од главната улица, а тој тротоар се користи како паркинг место за станарите, како пешачка зона за пешаците, како велосипедска патека за велосипедистите....
„Никој не сака да му биде одземен дуќанот за да се направи булевар. Дополнително е тоа што булеварот ќе треба малтене да се спои со ѕидот на зградата. Неизводливо е и не знам зошто воопшто ветуваат нешто што не може да се изведе“, вели Кадир А., жител на Чаирчанка.
Ништо побајковити не се ниту ветувањата на Бујар Османи. Тој оди чекор подалеку со тоа што под Цветан Димов ќе прави тунел за растеретување на сообраќајот.
„На плоштадот Слобода, дел од визијата „Чаир 2040“, знаете дека е предвидено улицата Цветан Димов, да добие подземен премин, а над него да има плоштад. Плоштадот Слобода ќе ги поврзува Гази Баба и Серава и ќе биде вториот плоштад по „Скендербег“. Во овој проект, според архитектонската куќа што го води Мишел Ројкин, се предвидуваат 350 паркинг-места.“, вели Бујар Османи.
Тој ветува дека во секоја населба ќе има по два паркинзи, што според тамошните жители е смешна идеја, затоа што жителите на улицата Серава немаат место каде да се движат, а камо ли да добијат паркинзи за своите автомобили.
„Секое ќоше го претворија во бетон. На секој чекор има зграда, загушени сме и нема каде да се движиме. И за тоа се двајцата виновни. Едниот како градоначалник, другиот како дел од власта 20 години“, вели Шаип Л., жител на Серава.
Она што е најинтересно во овие ветувања на двајцата ривали за Чаир, е тоа што булеварот Цветан Димов воопшто не е под нивни ингеренции, туку под градските власти.
Д.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





