29 Септември, 2024
0.0258

КАКО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДЕЈНОСТА ВОЗДУХОПЛОВЕН ТРАНСПОРТ ДОСТИГНАА ДО ПЛАТА ОД БЛИЗУ 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои се другите највисоки примања

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Ако се погледне подетално соопштението на Државниот завод за статистика, за просечните нето плати исплатени во земјава во декември минатата година, може да се забележи дека највисоките плати биле исплатени во дејноста воздухопловен транспорт, каде тие достигнуваат близу 100 илјади денари, или прецизно 94.537 денари.

Со тоа дејноста воздухопловен транспорт е убедливо на прво место во земјава според висината на исплатената плата, надминувајќи ги програмерите.

Но, ако малку подетално се видат податоците, ќе се види дека оваа декемвриска плата исплатена на вработените во дејноста воздухопловен транспорт, е многу пониска од онаа што тие ја зеле во декември 2021 година, и тоа за повеќе од 20 отсто. Доколку натаму се истражува, пак, ќе се види дека во последниот месец од 2021 година платата на работниците во оваа дејност била дури 118.949 денари. 

Ова говори дека таа дејност најверојатно во секој декември има од некоја причина зголемување на платите, но тоа не важи за другите месеци. 

Така на пример просекот за 2022 година во дејноста воздухопловен транспорт е нешто над 55 илјади денари, а во декември лани во однос на просекот од цела 2021 година практично има зголемување за цели 80 проценти. 

А, секако дека како и секогаш најдобрата плата е онаа во дејноста комјутерско програмирање, со тоа што таа во декември лани се нашла зад воздухопловниот транспорт.

Или, во декември лани нашите комјутерџии веќе стигнаа до просечна плата од  88.192 денари, што е пораст за над 20 проценти во однос на просекот од 2021 година.

На трето место дошле во дејноста изнајмување и давање под закуп (лизинг), каде имаат 78.405 денари, што исто така е декемвриски невообичаен пораст, односно платата е многу повисока во однос на другите месеци.

Плата од 65.224 денари како просек зеле во дејноста складирање и помошни дејности во превозот, но и тука декемврискиот пораст е невообичаен во однос на другите месеци, додека во дејноста производство на фармацевтски производи вработенте земале 53.489 денари.    

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија