18 Декември, 2025
0.0603

КАКО ЕКС ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ОД СДСМ ПОБЕДИ МЛАД ИНФОРМАТИЧАР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АЕК И ДОБИ ПЛАТА ОД 55 ИЛЈАДИ - Милошоски отвора дилема

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2022 10:23

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски обвинува за, како што вели, клиентелизам при вработување во Агенцијата за електронски комуникации, нагласувајќи дека поранешната заменик градоначалникча од СДСМ добила престижно вработување во АЕК, иако имала послаба конкурентност од нејзиниот против кандидат.

Еве ги дилемите што ги поставува Милошоски на неговиот пост на фејсбук.

„Честитки за госпоѓа Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ од Битола, за новото вработување во АЕК, за нето плата од 55.000 денари. Можеби како наставничка на возраст од 56 години не била задоволна од платата во медицинското училиште, или можеби директорот на АЕК (Јетон Акику, ДУИ) проценил дека Емилија Костурски е најдобриот стручњак во Битола без кој институцијата нема да може да напредува.

Интересно е што на августовскиот оглас во АЕК конкурирале г-а Костурски (завршен електро факултет) и еден помлад 35 годишен човек со завршен информатички факултет. Но, иако во огласот се бара соработник за информатички технолигии, сепак АЕК ја избира Емилија Костурски, што остава сомнеж дека конкурсот е наместен. Интересно е што на интервјуто во Агенцијата за администрација информатичарот добива 35 поени, а госпоѓата од СДСМ ги добива сите 40 поени, ни поен помалку од максимумот. Браво. Изгледа дека госпоѓа Костурски навистина е талент по информатички технолигии, само хејтерите би рекле дека огласот во АЕК е наместен за неа, а тоа што таа беше советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ веројатно е чиста случајност.

Сепак, решението на АЕК е обжалено и во следниот период останува да се види дали 35 годишниот дипломиран информатичар ќе успее да докаже дека неговата стручност е побитна од клиентелизмот на госпоѓата Костурски?“, пишува Милошоски на својот фејсбук профил.

Во прилог тој објавува и фотографија од огласот.


Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција