Како „Здравје Радово“ станува регионален гигант што ѝ пркоси на кризата?
Објавено во: Агробизнис 31 Мај, 2013 07:59
- Имаме изработено план за откуп на сирово млеко и за производство. Тој план го остваруваме дури и го надминуваме. Во првиот квратал од годината бележиме пораст на откупот за 30 отсто и тој тренд продолжува. Имаме партнерски односи со фармерите, ја имаме нивната доверба, им помагаме со јуници, со средства и на секаков друг начин. На тој начин и откупот на млеко се зголемува. Дневниот откуп е 125.000 литри, а производство околу 60 тони. објаснува Дабевски.
Клучот за успехот е во постојаното вложување во нови технологии за производство, едуцирање на кадрите, нови палети на производи и инвестирање во нови производствени капацитети, додава првиот човек на “Здравје Радово”. Во компанијата сега работат 370 луѓе. Се произведуваат производи по традиционални рецепти , но со современа технологија.
-Секоја година вложуваме во нови производи. Сега имаме над 40 типа на производи, а од септември годинава ќе воведеме уште нови шест производи, како што се млечни намази, топени сирења, путери. Најмногу вложуваме во ферментираните производи, течната програма, свежо млеко со подолг рок на траење, кое е доминантно на регионалниот и европскиот пазар.Кај нас повеќе се користи трајното млеко, но се надеваме дека таа навика постепено ќе се смени и ќе се зголеми потрошувачката на свежото млеко кое содржи повеќе корисни состојки, вели Дабевски.
Најголем македонски извозник на млеко и млечни производи
“Здравје Радово” е најголемиот македонски извозник на млеко и млечни производи. Производите на оваа млекарница високо котираат на пазарите во регионот. Раководството на млекарницата веќе работи на добивање на извознички број за извоз на млеко и млечни производи на европските пазари.
-Последните четири години реализираме 20 до 25 отсто извоз, главно во регионот. Тенденцијата за раст на пласманот надвор се зголемува секоја година, а паралелно со тоа се зголемува и палетата на производи за извоз. Посебно сме горди што сме најголемиот македонски извозник со млечни производи со над 80 отсто од вкупниот извоз. Размислуваме и за извоз во ЕУ, и во таа насока се нашите инвестиции. Во погонот во Куманово вложивме многу средства и нова опрема, што значи и сертифицирање за извоз на Унијата. Планираме изградба на уште еден објект наменет исклучиво за ЕУ. Се надеваме дека во 2015 година ќе бидеме подготвени и присутни на европските пазари, додава Дабевски
Аферата афлатоксин за зголеми довербата на потрошувачите во домашните производи
Аферата со афлатоксинот во дел од увозните млека, не влијаеше врз продажбата на македонските млека и млечни производи. Напротив, во време кризата што произлезе од оваа афера, македонските потрошувачи се насочија кон купување на македонски млека. Од “Здравје Радово” велат дека аферата го заобиколи македонското млекопроизводство. Во тој период , оваа млекарница ја зголеми продажбата, бидејќи поторошувачите бараа безбедно и квалитетно млеко, а тоа им го понуди “Здравје Радово”.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





