05 Декември, 2025
0.0308

Каков Буџет предвидува Ставрески за 2013-та Година?

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012 14:22

Добивај вести на Viber

Скоро е завршен предлог буџетот за 2013 година изјави Министерот за финансии Зоран Ставрески.  Тој нема да биде поголем од годинешниот кој беше позициониран на 2, 5 милијарди евра. Буџетот за следната година ќе биде соодветен одговор на случувањата во европската економија, рече  Ставрески. “Буџетот ќе биде соодветен одговор на случувањата во европската економија со балансиран пристап на заштита од аспект на сите социјални категории, пензионерите и обезбедување на средства за земјоделците, а од друга страна и развојната компонентна со инвестициите, кои ќе бидат адекватно застапени“, рече Ставрески, додавајќи дека подготовките на буџетот за следната година се веќе во завршна фаза, а за некој ден буџетот ќе биде доставен пред Влада. “Подготовките на буџетот за 2013 година течат добро и се во завршна фаза. Извршивме разговори во неколку циклуси со сите министерства како и секогаш можностите и потребите не се исти, но во целина сме согласни со министрите дека буџетите за 2013 година ќе треба да бидат оптимални согласно условите и кризата“, додаде вицепремиерот. Според Ставрески, Буџетот е поставен на буџетски параметри кои предвидуваат економски раст од околу 2%, буџетски дефицит од 3,5% од БДП, а инфлацијата се предвидува да достигне 3%. Финансирањето на дефицитот во државната каса за догодина ќе се обезбеди преку заеми од Светската банка, но и со позајмување на околу 250 милиони евра од комерцијалните банки. Во таа операција Светската банка ќе се појави како гарант, што ќе обезбеди подобри услови за позајмување на пазарите на капитал.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември