КАКВА Е МЕХАНИЗАЦИЈАТА, ИМАШ ЛИ БРОЈКИ: Ново видео на Мицкоски и Николоски по патот кон Охрид
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 12:00
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски објавија ново видео во кое се возат по патот кон Охрид кој се гради, а во кое зборуваат за потегот Климештани - Охрид.
Николоски реферира дека се вклучени околу 1 100 -1 200 работници со над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери.
Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.
„На потегот од Климештани до Охрид работат над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот, ги градиме темелите на промените“, вели Николоски.
Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




