Каква инвестициска година ни предвидуваат од КД Фондови?
Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2017 07:58
Четврта година по ред, од портфолио тимот на КД Фондови ја објавуваат својата инвестициска стратегија, во која детално се осврнуваат на глобалните теми поврзани со економијата, пазарите на акции и обврзници, очекувањата за периодот кој претстои, како и препораките за одделните инвестициски класи.
Во резимето за годината која изминасе заклучува дека била мошне разнолика, сониво на волатилност на пазарите на капиталкое е едно од највисоките во последните неколку години, што за нив било очекувано и предвидено со минатогодишната стратегија. Според КД Фондови, еден од главните фактори којшто влијаел на пазарите на капитал во 2016-та биле политичките збиднувања. Во почетокот на годината бил забележан значителен пад на цените на акциите и доста негативен сентимент поради слабиот економски раст, забавувањето во Кина, како и значителниот пад на цените на нафтата и материјалите. Во остатокот од годината, на политичката сцена се реализирале три поголеми ризици, кои сепак немалепозначително влијание врз пазарите на капитал. Станува збор за изгласаниот Брегзит, изборот на Трамп и падот на италијанскиот уставен референдум. Сепак, овие политички одлуки несомнено претскажуваат понесигурно опкружување и во текот на годинава.
Покрај сето наведено, во КД Фондови сметаат дека на пазарот моментално превладува позитивен сентимент, поткрепен од исклучително високата ликвидност и стимулативните мерки на централните банки, благодарение на кои практично сите инвестициски класи ја заклучијаминатата година во позитивни бројки.
Во оваа година очекуваат зајакнување на светскиот економски раст, пред сѐ како последица на постимулативните фискални политики и на сѐ уште лабавите монетарни политики. Во САД сите очи се и ќе бидат вперени во новоизбраниот претседател и во имплементацијата на неговата економска програма, од која се очекува многу. Во Европа економските показатели се подобруваат, што е поткрепено и со лабавата политика на Европската централна банка. Главното прашање според нив за годинава се резултатите од преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија. За пазарите во развој очекуваат зајакнување на економскиот раст, пред сѐ во земјите извозници на енергенси, на кои зголемените цени на нафтата им одат во прилог.
КД Фондови имаат позитивна препорака за акциите, бидејќи во оваа инвестициска класа, имајќи ги предвид економската клима и релативните вредности, забележуваат најголем потенцијал. Истовремено очекуваат и висока волатилност, поради што веруваат дека во текот на годината ќе биде потребно активно управување и дополнително купување, односно стапување на позиција при корекции. На пазарите на обврзници очекуваат релативно тешка година, бидејќи Американската централна банка ќе продолжи со зголемување на каматните стапки, а од ЕЦБ очекуваат продолжување на мошне лабавата монетарна политика. Имаат неутрална препорака за државните обврзници и негативна за корпоративните.
Сите оние, кои се интересираат од пазарот на капитал, деталните анализи можат да ги пронајдат во специјално подготвеното издание на 85 страници, КД Фондови – СТРАТЕГИЈА 2017.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




