Каква порака прати човекот што четврт век го води „Макпетрол“?
Објавено во: Економија 23 Април, 2020 06:51
Првиот човек на најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати вложи 50.000 евра во акции на компанијата со која управува. Во овие „коронарни“ моменти Јосифовски даде пример за почит, еден од класичните за јакнење на корпоративната култура. Ова е супер вест за инвеститорите на македонскиот пазар на капитал. Одлуката на Јосифовски ќе влее доверба и сигурност кај акционерите и кај потенционалните инвеститори, а ќе биде катализатор и за шпекулациите за дивиденда на „Макпетрол“
Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ купи 50 акции во компанијата со која раководи, ова е официјална информација што беше објавена вчера на сервисот за ценовно чувствителни информации СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.
Народски кажано првиот човек на најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати избра да вложи околу 50.000 евра во акции на компанијата со која раководи. Јосифовски со последната трансакција го зголеми својот стек акции во “Макпетрол“. Значи не ги вложи во штеден влог ниту со нив купи недвижен имот. Одлучи да купи акции во компанијата со која раководи.
Што значи ова?
Јосифовски вложи сопствени 50.000 евра во компанијата со која раководи. Неговиот потег инвеститорската заедница може да го разбере преку потенцирање на неколку аспекти. Сите тие ќе влијаат позитивно на цената на акцијата. Неговото вложување сигурно ќе окуражи некои потенцијални инвеститори да купат акции во „Макпетрол“ затоа што неговиот потег инвеститорите можат да го протолкуваат како сигурност во вложување во таа акција и да го следат неговиот пример. Дополнително некои овој потег можат да го протолкуваат и како потврда дека реалната цена на таа акција е повисока од сегашната пазарна цена заради тоа што првиот човек на компанијата сега плаќа пазарна цена за таа акција и вложува 50.000 евра во нејзините акции.
Дополнително освен аспектот на сигурност за вложување во таа акција и потенцијалот за капитална добивка од разлика во цени, со овој потег на Јосифовски ќе се интензивираат и шпекулациите и очекувањата на инвеститорите за висината на дивиденда. Со оглед на рекордната добивка што ја постигна „Макпетрол“, а која за лани е близу до милијарда денари наскоро ќе почне неофицијално да се лицитира за висината на дивидендата на најголемата компанија за малопродажба со нафтени деривати.
Генерално ова е добра вест во ова специфично „коронарно“ време во кое мноштвото инвеститори се воздржуваат од вложувања во акции и чекаат да видат во кои можни правциќе се развива актуелната состојба.
Веројатно пазарот и вчера реагираше на оваа информација затоа што цената на таа акција порасна за 3 отсто, а прометот со таа акција беше над 36.000 евра.
Повеќе за последната златна година на „Макпетрол“ може да прочитате на следниот линк Златна година на „Макпетрол“! Прочитајте зошто?
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





