Златна година на „Макпетрол“! Прочитајте зошто?
Објавено во: Економија 02 Април, 2020
Приходите растат во континуитет, се подобрува пазарната позиција, се зацврстува позиционирањето на овој бренд на нашиот пазар. Инвестициите и иновациите во мотивирање на купувачите и стимулирање на лојалноста резултираа со континуирано зголемување на приходите, континуиран раст на добивките. Пет години по ред „Макпетрол“ остварува добивки, а три години по ред нето добивките растат
„Макпетрол“ лани го има најдобриот финансиски резултат во изминативе пет години во кои во континуитет остварува добивка во работењето, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот консолидиран биланс на успех на најголемата македонска компанија за продажба на мало на нафтени деривати. Охрабрувачка вест за акционерите! Вложувањата на компанија во бензинските станици даваат резултат. „Макпетрол“ во континуитет остварува добивка од работењето и три години по ред ја зголемува добивката со солидна стапка на раст. Овие финансиски резултати укажуваат на континуитет кој ќе привлече институционални инвеститори кои пак многу често се синоним за стабилно работење на компанијата во годините кои претстојат и политика на континуирана исплата на дивиденди.
„Макпетрол“ лани ги зголемил приходите од продажба за 3 отсто, оперативната добивка ја зголемил за 9 отсто во однос на 2018 година, нето добивката изнесува 14,24 милиони евра, а вкупната сеопфатна добивка на компанијата (благодарејќи на пазарната капитализација на акциите кои ги поседува н.з.) достигна 16 милиони евра.
Вкупниот приход од продажба на „Макпетрол“ лани изнесувал 367,8 милиони евра и е за 3 отсто поголем од претходната 2018 година. Во таа структура очекувано огромно е учеството на продажбата на домашниот пазар пред се преку неговите повеќе од 120 бензински станици ширум земјава. Домашната продажба изнесува 347,3 милиони евра и е за 3 отсто поголема од 2018 година. Извозот на стоки достигна 20,4 милиони евра и во однос на претходната година бележи раст од 15 отсто. Солиден раст има и кај останатите оперативни приходи кои лани достигнале 4,75 милиони евра и се повисоки за 57 отсто во споредба со 2018 година. Лани оперативните расходи на „Макпетрол“ конслодирани се 357,9 милиони евра и се повисоки за 4 отсто во однос на претходната година. Најголема расходна ставка се набавната вредност на трговските стоки и таа изнесува 318,1 милиони евра и е 89 отсто од сите расходи на „Макпетрол“. Тие лани пораснале за 3 отсто во споредба со претходната година. Втора трошковна ставка според обем е трошокот за вработените кој изнесува 18,3 милиони евра и е за 12 отсто поголем од претходната година.
Оперативната добивка на „Макпетрол“ е 14,8 милиони евра и е за 9 отсто повисока од 2018 година што претставува солиден раст. Соодносот меѓу финансиските приходи и финансиските расходи е позитивен за „Макпетрол“ зашто приходите се за 908.000 евра повисоки од финансиските расходи.
Нето добивката на компанија лани изнесува 14,24 милиони евра. Тоа е највисоката добивка во изминативе пет години во кои „Макпетрол“ во континуитет книжи добивки од своето работење.
Од билансот на состојба издвојуваме дека вкупните обврски на крајот на 2019 година изнесуваат 56,7 милиони евра, а од нив тековните обврски се на ниво од 54,3 милиони евра. Во структурата на тековните обврски најголема е ставката на краткорочни кредити која изнесува 35,5 милиони евра.Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.