КАКВИ БАРАЊА ЌЕ СТИГНАТ ОД АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: Во преговори за нова Влада албанскиот блок со заеднички став!
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2016 16:01
Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред почетокот на конститутивната седница на Собранието на која беа верификувани мандатите на новите пратеници рече дека партиите на Албанците ќе настапат со единствени барања во преговорите за новата Влада.
Ахмети откри дека политичките партии на Албанците со освоени мандати на последните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември ќе усвојат документ што ќе ги содржи потребите на Албанците во Македонија
Како што информираше Али Ахмети, за содржината на најавениот документ било разговарано во четвртокот на средбата што лидерите на ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците ја имале во Тирана со албанскиот претседател Еди Рама, што е нивна втора средба во овој формат.
Таквиот документ не претставувал „црвена линија, ниту, пак, неговата содржина се услови за разговори за формирање на новата влада“ дополни Ахмети. Рече дека станува збор за „основни начела и реални потреби на Албанците во Македонија.“
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




