Какви гаранции бара бугарскиот министер за надворешни работи Стоев?
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2021 17:22
Нашата политика кон Северна Македонија е доследна, вели бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.
Тој денеска изјави дека предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.
„Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина“, вели тој.
Вели дека мониторингот од ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Очекува конструктивен дијалог.
„Македонските историчари изгубија три години во неподготвеноста да ја прифатат формулацијата на Договорот за пријателство и добрососедство, со што станува јасно дека Бугарија и РС Македонија имаат заедничка историја“, изјави за БТВ, проф. Ангел Димитров, копретседавач на бугарската страна на Мешовитата комисија за историски прашања.
Деновиве бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија трпи притисок за да се тргне блокадата. Поради бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





