18 Декември, 2025
0.0717

Какви пораки му пренесе Османи на Катругалос?

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2018 18:10

Добивај вести на Viber

Дека до крајот на годинава Македонија ќе ги заврши уставните измени, се надева вицепремиерот Бујар Османи. 

Тој денеска леташе во авион на релација Скопје - Атина, каде се сретна со лтернативниот министер, Јоргос Катругалос.

Го информирал Катругалос за напредокот во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа, откако Парламентот со двотретинско мнозинство даде зелено светло за уставните амандмани. 

„Јас верувам дека ќе има експлозија од позитивни можности во соработката на нашите две земји, што ќе станат нови стратешки партнери во регионот“, вели Османи.

Вицепремиерот објасни дека е фокусиран на подготовка на земјата за преговори со ЕУ и побарал од Катругалос Грција да го сподели искуството.

„Разговаравме за промоција и почитување на духот на Договорот од Преспа како договор кој не само што решава еден проблем што ги измачуваше двете земји, туку го стабилизира поширокиот регион и обезбедува европски перспективи на земјите од нашиот регион“, вели Катругалос. 

Тој вели дека тоа е цврста политика на Грција.

Османи и Катругалос ја споменаа и одново воспоставената авионска линија меѓу Скопје и Атина, за која вицепремиерот рече дека на „најдобр начин го симболизира поврзувањето на новите стратешки партнери во регионот".

Летот е во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време. Ова е прв лет по 10 години. Со затоплувањето на односите меѓу двете земји обновена е оваа авиолинија. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје