20 Декември, 2025
0.0600

Какви проекти најави Илија Димовски во Штип?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016 13:18

Добивај вести на Viber

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Илија Димовски денеска изјави дека на граѓаните на Штип им е совршено јасно дека во Штип се создава и се гради единствено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. 

Вели дека кога СДСМ е на власт, во Штип ниту се гради, ниту се создава. Тој најави повеќе проекти кои ќе се реализираат во градот. 

„Штип е регионален центар за источна Македонија и ќе продолжат со реализација крупните инфраструктурни проекти, ќе се заврши изградбата на автопатот од Скопје до Штип, што за 40 километри ќе го доближи Штип до Скопје. Ќе започне многу скоро и завршени се документите околу изградбата на експресните патишта Штип-Кочани и Штип-Радовиш. Ќе продолжи со изградба Клиничката болница која од здравствен аспект ќе му даде на градот регионален карактер, но и ќе набават преку 250 нови медицински апарати“ - кажа Димовски.

Објасни дека гасоводот во Штип веќе е изграден, а Владата ги реализира постапките за изградба на секундарна мрежа.

Димовски вели дека Штип ќе биде и првиот град во Македонија кој ќе добие секундарна гасоводна мрежа. Рече дека ќе продолжи целосната поддршка на државата за универзитетот „Гоце Делчев“ кој денес е еден од подобрите универзитети на кој студираат над 15.000 студенти.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки