28 Септември, 2024
0.0267

Какви се очекувањата за продажните цени на мало?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016  година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат.

Овие податоци се објавени денеска во соопштение на Државниот завод за статистика. 

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото  тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 22.2%, зголемената конкуренција со 19.9% и зголемената понуда на пазарот со 18.0%.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а  за 2.1 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе  биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количината на залихите е незначително намалена во однос на 

претходното тримесечје. Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од  2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.



Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија