Какво ќе биде времето до крајот на неделата?
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016
Во Македонија денеска имаме облачно и врнежливо време.
Во утринските часови поинтензивни врнежи од дожд има во западните и југозападните делови, а овие врнежи во наредните часови ќе се прошират низ земјата.
Македонија и денеска ќе биде под влијание на Медитеранскиот циклон кој ќе услови нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд и засилен ветер. Врнежи од дожд ќе бидат поинтензивни во југозападните, југоисточните и североисточните предели, каде локално може да наврнат и до 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.
Во среда во утринските и раните претпладневни часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Врнежите во подоцните претпладневни часови ќе престануваат, а попладне и со услови за намалување на облачноста. Максималните температури од 8 до 18 степени. Во четврток по студеното утро со утрински температури од -2 до 8 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло време со температури од 11 до 21 степен. Во петок и сабота ќе продолжи стабилното и потопло време, претежно сончево со локална облачност и дневна температура од 13 до 23 степени во петок, односно од 15 до 25 степени во сабота.