21 Мај, 2024
0.0393

Какво судство, таков АКМИС: „Сваровски“ судии, местени предмети, сомнителни пресуди

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Преку телефон, без писмена наредба и само со потпис на претседателот на Кривичниот суд, се делеле предмети кај судиите. Ова го покажа анализата на  комисијата од Министерството за правда на системот за електронската распределба на предмети познат како АКМИС.

Системот бил манипулиран, често се менувале распоредите во Кривичниот и Врховниот суд, а судии кои судат граѓанска материја биле префрлани во казнена.

Само во Кривичниот суд во период од 2 години 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември годинава распоредот на судии бил сменет 9 пати. Судии што судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во Кривичниот не бил доделен судија.

Предметите во кривичниот суд биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис. Во судот не е формирано работно тело за управување со движење на предметите во судовите, не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите.

Министерот за правда, Биљен Салији, рече дека во Врховниот суд со промена на годишниот распоред на судии наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии. Не сакаше да ги потенцира имињата на претседателите на судовите кај кои се откриени злоупотреби на процедурите. Рекоа дека тоа според извештајот е повеќе од јасно. Според она што беше изнесено станува збор за судиите Јово Вангеловски, Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев.

За евентуалните злоупотреби на АКМИС, можноста предметите да се давале на рака кај „подобни и проверени судии“ беше нотирано и во првиот Извештај на експертската група предводена од Рајнхард Прибе.

Министерството за правда извештајот ќе го препрати до Судскиот совет, Основното јавно обвинителство и Специјалното јавно обвинителство, за да се утврди дали постојат елементи за разрешување судии или покренување кривична одговорност.

СЈО неколку пати бараше изземање на судии од Кривичниот суд

Специјалното јавно обвинителство неколку пати побара изземање на судии од Кривичниот суд кај кои беа распоредени предметите. Причината поради која СЈО бараше да се тргнат од предметите беше сомневање за пристрасно судење.

СЈО побара изземање на судијката Лидија Петровска за првото обвинение за предметот „Тврдина“, во кое кривично се гонат седумина вработени во УБК на чело со екс началникот Горан Грујевски. Обвинителството на Катица Јанева бараше смена на судијката бидејќи постои  сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во „бомбите“ на СДСМ.

Судијката Петровска ја споменува нејзината колешка Софија Лаличиќ, која на тогашниот директор на УБК,Сашо Мијалков, му објаснува како Петровска и подарувала сваровски накит на претседателката на кривичниот суд Лидија Неделкова.

СЈО побараа од случајот „Трезор“ да се тргне и судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, против која поднесе претставка до Советот за утврдување факти и покренување одговорност за судија, како и за судијката и Татјана Михајлова од истиот суд која го суди случајор познат како „Шамари во Центар“.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ како судија на претходна постапка одлучуваше по барања на СЈО, меѓу кои и тоа за одземање на пасошот на поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за случајот „Трезор“. Таа го одби барање на СЈО за одземање на пасошот како неосновано.

Неодамна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, токму кај судиите од Кривичниот суд ја префрли одговорноста за бегството на двајцата обвинети во случајот „Тврдина“, кои веќе два месеца се во притвор во Грција.

“Корумпираните „Сваровски“ судии овозможија Горан Грујевски и Никола Бошкоски да избегаат”, рече Спасовски.

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, формираше комисија која ќе испита дали судиите од Кривичниот, Апелациониот и Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори против обвинетите во случаите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски и на Никола Бошковски да побегнат од државата.

Специјалното јавно обвинителство беше во постојан конфликт со претходниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој правеше „сопки“ во работата на Катица Јанева кога предметите ќе стасаа во Судот. СЈО за Панчевски води и истрага за оддавање службена тајна, односно за копирање, изнесување и уништување на докази од туѓи судски предмети надвор од судот, во корист на некои осомничени.


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат