Какво време ќе имаме во следните пет дена?
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 08:26
Во Македонија во утринските часови ќе имаме појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време.
Во крајните западните и северозападни предели како и во Малешевијата ќе има услови за многу слаби и локални врнежи од дожд, а над 900 метри од снег. Станува збор за многу слаби врнежи но мора да ги најавиме. Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 1 односно до 12 степени.
Во земјава во сабота и недела во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -5 до 5, односно од -6 до 4 степени, додека пак максималните без некое поголемо отстапување од 3 до 11 во сабота, односно од 2 до 10 степени во недела. Умерено облачно со повремени сончеви периоди ќе биде и во понеделник кога утринските температури ќе се спуштат до -7 односно до 3 степени, додека пак дневните ќе достигнат до 3 односно до 9 степени. Во вторник ќе следи разведрување на времето но и постудено утро со температури од -8 до 2 степени, додека пак дневните ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 5 до 11 степени.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




