Добивај вести на Viber
Концернот за оружје "Калашников" го зголеми обемот на производството од почетокот на годината со околу 40% во однос на истиот период минатата година. Тоа го потврди на прес-конференција претседателот на Удмуртија - Александар Соловев. (Удмуртија е субјект во составот на Руската Федерација каде се наоѓа една од фабриките на концернот.)
"Ако се спореди со 2013 година, веќе имаат околу 39-42% раст на обемот. Ако не беше наметнатото ембаргото од САД, растот за оваа година би бил значителен ", додава тој.
Соловев вели дека во моментот во концернот тече процес на реновирање на машините за производство.
Главните задачи пред "Калашников" во 2014 година се интеграција на претпријатијата во концернот, оптимизација на загубата, зголемување на ефикасноста на работа и навлегување на нови пазари, како и ефикасно управување на брендот "Калашников", изјави претходно директорот на концернот Алексеј Криворучко.
Според податоците за првиот квартал концернот го зголемил производството на оружје за 2,3 пати во споредба со истиот период минатата година и тоа за 31 илјади парчиња.
Министерството за финансии на САД објави на 16 јули дополнителни санкции против голем број граѓани, фирми и организации од Русија и Украина. Меѓу нив спаѓаат четири холдинзи на "Рост", вклучувајќи го и концернот за оружје "Калашников", чија продукција не може да се извезува за САД.
"Калашников" е најголемиот руски производител на бојно автоматско оружје, снајперски, артилериски гранати, како и широк спектар граѓанска продукција - ловечко и спортско оружје, машини и алатки. Фабриката работи од 1807 година. "Калашников" ги обедини најголемите државни претпријатија во секторот во Русија - НВО "Ижмаш" и ОАО "Ижевский механический фабрика". Производството се извезува за 27 земји.
К.К.