05 Декември, 2025
0.0377

Калининград откри 17 тони македонски домат со штетник

Објавено во: Агробизнис 18 Јуни, 2018 14:45

Добивај вести на Viber

Земјоделската инспеција на руската енклава Калининград при фито-санитарна контрола пронајде 17 тони свеж домат по потекло од Македонија. Како резултат на инспекцијата на карантински производи, бил откриен јужноамериканскиот доматен молец. Специјалистите на ФГБУ "Калининград МВЛ" го потврдија присуството на карантински штетници во доматите.

Со цел да се спречи ширењето на карантинскиот објект на територијата на Руската Федерација, се преземени мерки во согласност со фитосанитарниот закон.

Јужноамерикански доматен молец е опасен штетник на растителни култури на отворен терен и кои активно се шири во Јужна Америка, Европа и земјите од Медитеранот. 

Главната штетност се манифестира на доматите, односно на листот, стебла и на самиот плод. Како резултат на овие штетници, може да направи штета на плодот и на бербата од 35 до 100%.

Државниот инспекторат за земјоделство потврди дека доматите се вратени од Русија.

„Ве информираме дека на ден 11.06.2018 година на ГП Табановце пристигната е пратка од домати, повраток од Руска федерација поради утврдено присуство на штетниот организам Tuta absoluta. Овој штетен организам спаѓа во Листата на карантински штетни организми на Руската Федерација (сеуште не е утврдено негово присуство во Руската Федерација), додека согласно Македонските листи на штетни организми овој штетен организам е класифициран како економски штетник (штетник кој е распространет на територија на РМ).  Со цел спречување на ширењето на овој штетник на територијата на Русија, пратката е вратена во Република Македонија.

По пристигнувањето во РМ, земена е мостра од фитосанитарен инспектор, истата е испратена до Државната фитосанитарна лабораторија, а до добивање на резултатите пратката е задржана под надзор. Само за информација, секоја земја своите карантински листи на штетни организми ги подготвува согласно присутноста на штетните организми во земјата, и тие што ги нема во одредена земја истата се произнесува дека се карантински и се труди да спречи нивно внесување на нејзина територија. Сепак станува збор за штетник кој не е опасен по здравјето на луѓето, туку влијае врз намалување на производството на земјоделските производи“.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?