20 Декември, 2025
0.0417

Камбон: Македонија има значајна улога на Балканот

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 10:11

Добивај вести на Viber

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, одбрана и воени сили при францускиот Сенат, Кристијан Камбон оценува дека Македонија има значајна улога за ситуацијата на Балканот, затоа Франција со големо внимание ги следи настаните во земјава и регинотот.

-Балканот е еден регион кој имаше малку бурна историја, но мене ме интересира да гледаме кон иднината. И во диспозициите на актуелната Влада на Македонија, гледаме дека има вистинска волја да се интегрира земјата во ЕУ, односно да се прифатат нејзините принципи, методи на работа и да се развијат нејзините вредности, вели францускиот сенатор.

Камбон, притоа како пример наведува дека на патот кон НАТО,  тоа е заедничка борба против тероризмот, против сектаризмот, кои треба да бидат земени предвид и поради тоа, вели, Париз е многу внимателен на тоа што се случува во тој регион на светот.

-Вие добро знаете дека со глобализацијата, мирот може да биде загрозен на два – три часа од Париз, и тоа исто така ќе се однесува на нас. Значи ситуацијата на Балканот не интересира многу и затоа ние ќе и помогнеме на Македонија, додава тој.

Разговорот што тој го водеше со заменик претседателската на македонската влада и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзината кратка официјална посета на Париз е потврда на интересот на Франција за Балканот и посебно за Македонија, нагласувајќи дека Париз ќе ја поддржи нашата земја во евроатлантските интеграции.

-Во рамките на Западен Балкан, Македонија има значајна улога и таа направи дополнителен чекор кон подготвувањето на своето членство како во НАТО, така и во Европската Унија. Договорот кој беше постигнат со грчките соседи, евидентно е многу важен, бидејќи тоа беше услов кој ја спречуваше земјата да напредува, оценува Камбон.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки