Камен темелник за граничен премин меѓу Македонија и Косово кој се гради 5 години
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 09:29
Патот Белановце-Станчиќ требаше да биде асфалтиран пред две години, како што е предвидено со договорот меѓу Македонија и Косово, потпишан во 2013 година. Проектот предвидуваше работите да се завршат за 24 месеци nно камен темелник дури денеска ќе се постави со што ќе почне изградбата на заедничкиот граничен премин .
На церемонијата се најавени обраѓања на македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај и амбасадорите на Европската Унија во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.
Граничниот премин, што се гради со финансии од ИПА програмата на ЕУ, се очекува да ја олесни соработката меѓу двете држави, да придонесе за посигурни граници и за социјалниот и економскиот развој на граничната област, вклучувајќи ја и зголемената интеракција меѓу луѓето.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




