Добивај вести на Viber
Српскиот камен би можел да стане голем извозен адут на Србија, а според некои проценки, надгробните плочи од Србија, се повеќе се користат во Русија и Азербејџан, пишува Танјуг.
Претседателот на здружението за експлоатација и преработка на камен и пратечката индустррија „Камен Србија“, Зоран Џајиќ, во изјава за Танјуг, информира дека индустријата на архитектонско-градежен камен во Србија, во последните години бележи пад на производството.
Тој истакнува дека земјата во таа област има огромен потенцијал, но дека, сепак, е позната како еден од најголемите увозници на камен.
Во Србија постојат многу големи компании кои се занимаваат со увоз и преработка на камен, вели Џајиќ, додавајќи дека Србија годишно увезува околу 10.000 кубици или речиси 30.000 тони камен.
Тој камен стигнува во Србија во разни димензии, како сировина во големи блокови за преработка, но и како полуфинален производ.
Србија најмногу увезува камен од Италија и тоа како полу или готов производ, додека камените блокови, најмногу се увезуваат од Бразил, Индија и Кина, кои се најголемите свтески производители на камени блокови.
Од друга страна, Србија најмногу извезува во Македонија, Црна Гора, Босна, но и Русија, каде каменот одел на изградба на објектите во Сочи, наведува Џајиќ.
Тој напоменува дека многу странски фирми го користат договорот за слободна трговија меѓу Србија и Русија и преку нивната земја го пласираат каменот во Русија.
Многу земји вложуваат во оваа индустриска гранка, за разлика од Србија, во која, кога станува збор за архитектонски камен, единствено е активен ужичкиот регион.
А.А.