КАМЕРИ ГИ СНИМИЛЕ ТЕРОРИСТИТЕ: Аудито кое газеше пешаци во Барселона видено минатата недела во Париз
Објавено во: Свет 21 Август, 2017
Автомобилот со кој во петокот се прегазени пешаци во шпанското летувалиште Камбрилс, при што е убиена една жена, камерата минатата недела го снимила додека со голема брзина поминувал низ Париз, пишува францускиот весник „Паризиен“.
Нападот во Камбрилс е изведен само осум часа откако едно комби во четвртокот попладне со огромна безина прегази туристи и локални жители додека шетаа по популарната улица Лас Рамблас во Барселона, усмртувајќи 14 луѓе.
Полицијата во Камбрилс усмртила пет мажи кои носеле лажни експлозивни појаси откако тие со „ауди“ влетале меѓу луѓето, а потоа, кога автомобилот се превртел, излегле од него и почнале да ги бодат луѓето при што е убиена една државјанка на Шпанија.
Не наведувајќи извори француски „Паризиен“ тврди дека истото „ауди“ е снимено со камера пред недела дена додека „летал“ низ парискиот регион, пренесе Ројтерс.
Весникот напоменува дека во оваа фаза француските истражители не пронашле директна оперативна врска помеѓу шпанските ќелии и Франција и дека автомобилот можеби само поминал низ Франција. Француското обвинителство не сакало да ги коментира овие наведувања.