ТРАМП ЈА КАЧИ КАМПАЊАТА НА НОВО НИВО: Одржа последен митинг со ѓубреџиски елек во камион за ѓубре, во чест на Камала и Бајден
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2024 10:12
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
На митингот, тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе речам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден - која, како што подоцна се обиде да објасни, била гаф, поддржувачите на Трамп ги нарече - „ѓубре“.
Бајден пред два дена зборуваше за комичарот од митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден кој Порторико го нарече „пловечки остров на ѓубре“.
„ Па, дозволете ми да ви кажам нешто. Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.
„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.
Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата.
Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.
„Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката полна со омраза за Порторико што ја исфрли поддржувачот на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден - што е единствениот збор што можам да се сетам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на X.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица
(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ФРАНЦИЈА: Крадци со динамит кренаа во воздух банкомат
ТАА Е СОГРАЃАНКА НА ПУТИН: Ќе оди во затвор затоа што пеела песни против Кремљ
(ВИДЕО) КОНТРАМЕРКА ПРОТИВ АМЕРИКАНСКАТА ЗАКАНА: Венецуела распореди 200.000 војници
Суспендиран украинскиот министер за правда за корупција од 100 милиони долари во енергетскиот сектор
(ВИДЕО) НЕ ИЗДРЖА НИ ПОЛОВИНА ГОДИНА: Се урна нов мост во Кина
(ВИДЕО) Се урна мост во Кина кој е пуштен пред само неколку месеци
ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА: Ги потсети дека она што им се случи со Турција, ги чека и со НАТО
Ова се првите 10 најдобри градови за живеење, работа и посета во 2026 година





