ПОЗНАТИОТ ИДУСТРИЈАЛЕЦ ГО ШОКИРАШЕ СЕМЕЈСТВОТО СО ТЕСТАМЕНТОТ: Еве колку им остави на најблиските, а кои доби речиси сѐ
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2024
Индискиот индустријалец Ратан Тата оставил голем дел од своето богатство од 91 милион фунти на своето куче во тестамент и побарал неговото сакано куче да добие неограничена грижа по неговата смрт.
Тата, кој е заслужен за трансформирањето на Tata Group во глобално познат конгломерат, почина во болница во Мумбај на почетокот на овој месец на 86-годишна возраст.
Како што е вообичаено во Индија, бизнисменот, кој никогаш не се оженил и немал деца, се очекувало дека ќе го остави својот имот, вреден околу 91 милион фунти, на своите браќа и сестри. Но, поранешниот претседател на Групацијата Тата во преден план не ги стави ниту својот брат Џими Тата и полусестрите Ширин и Деана Џеџибхој, туку неговиот сакан германски овчар Тито.
Татa напиша во тестаментот дека неговото куче, неговиот батлер и главен помошник Конар Суббија и неговиот готвач Раџан Шо треба да добијат голем дел од неговото богатство. Неговите браќа и сестри ќе наследат само дел од неговиот имот.
Во Индија ретко се случува миленичињата и слугите да добијат толку дарежлива сума, а богатството генерално се чува во семејството.
Тата во тестаментот прецизирал дека треба да се воведат одредби за неограничена грижа за саканиот миленик, кој бил покрај него додека не умрел, пренесува Дневник.хр.
Според Сухел Сет, близок пријател на Тата, сумата што му е оставена на поранешниот батлер и готвач на Тата, и двајцата во нивните 50-ти години кои сега се грижат за Тито, е дарежлива: „Никогаш повеќе нема да мора да работат и ќе бидат многу добро згрижени“.
Тој додаде дека инструкциите не биле изненадување за оние кои добро го познавале Тата и рече:
„Овој тестамент е гест на благодарност за радоста и грижата што му ја дале неговите миленици и двајцата најблиски помошници“.
фото: Instagram