05 Декември, 2025
0.0877

Камерите уловиле 950 прекршоци, полицијата засега само предупредува

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2013 10:51

Добивај вести на Viber

Полициските камери уловиле околу 950 сообраќајни прекршоци за девет месеци. Најголемиот дел од нив биле за недозволено полукружно вртење, престигнување и недозволено паркирање, пишува „Вест".
Полицијата сеуште не казнува, туку испраќа само предупредувања, а како што пичува весникот, според МВР, откако се поставени камерите, бројот на сообраќајни несреќи во Скопје бил намален за 50%. „Не ни е целта да пишеме казна, туку да ја подобриме безбедноста на патиштата. Засега ќе функционираме вака, а со тек на време ќе почнеме да ги казнуваме прекршителите. Минатата година во споредба со 2011, забележан е позитивен тренд на намалување на сообраќајките, што е резултат и на камерите, но и, генерално на сите други мерки кои ги преземаме за да ја подобриме состојбата на патиштата, меѓу кои и подобра патна инфраструктура. Но, за да може да тврдиме дека камерите се причина поради која се намалени несреќите, мора да се направи една подолга анализа“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Засега се поставени 70 камери на најфреквентните улици и раскрсници во Скопје, а според најавите на МВР, проектот ќе се прошири и во други градови низ земјата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker