18 Декември, 2025
0.0465

КАМИОНИ НОСАТ ПЕСОК, СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ЗАТРУПУВА - надлежните очекуваат денеска целосно да биде изгаснето чадењето во Трубарево

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 14:10

Добивај вести на Viber

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува во текот на денот чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или пак целосно сопрено. Вели дека повеќе од половината е затрупан со песок, кој според совети од стручни лица, се држи воден, за да престане чадењето.

- Има камиони кои носат песок, со кој со механизација се затрупува пожарот. Има доволно механизација и кога би имало повеќе возила не би можело да се работи, затоа што станува збор за локација со потесни улици и потежок е пристапот - рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата.

Додаде дека за полесно да пристапат до локацијата бил направен насип на канал за да може да се движат возилата за локализирање и гаснење на пожарот. 

Смета дека било направено се што е потребно и оти оптимално биле искористени сите ресурси. За гаснење на електронскиот отпад била побарана и помош од ОКТА и ТАВ Македонија, кои, како што рече, обезбедиле пена за гасење и ЦУК. Пожарот го гаснеле скопски пожарникари, БТР возила, армиски и полициски хеликоптер и еден ер-трактор. Сето ова, нагласи Ангелов, овозможи пожарот да не се прошири и да зафати уште дав - три објекти во кои имало пластичен отпад. 

Ангелов не сподели информации за тоа какви и колку штетни материи има во воздухот, истакнувајќи дека утрово тие секако се помали од вчера и оти „колку сте поблиску до местото на пожарот, толку загадувањето е поголемо“. Најави дека надлежните институции во текот на денот ќе излезат со прецизни информации од извршени мерења. 

Со оглед оти станува збор за локација која е на граница со населено место, на населението му беше препорачано да се евакуира, особено она што било во круг од околку 100 до 150 метри од локацијата на пожарот. Ангелов нема информација дали и колкав број од населението што е во близина се евакуирало на други локации. 

На новинарско прашање дали имало камери и обезбедување на опожарениот објект,  директорот на ДЗС истакна дека не знае дали имало камери, но и оти ако имало тие изгореле во пожарот.

Фото: ДЗС

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје