Камп за млади иноватори и претприемачи
Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017 09:29
Од 1-ви до 5-ти март, 2017 година, во Дојран ќе се оддржи првиот Камп за млади иноватори и претприемачи во организација на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Организацијата на овој камп финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа, а договорен орган за спроведување на активностите е Knowledge Center. Главна цел на кампот е да ги научи младите луѓе од овој регион како да создадат вредности, како да развијат својсопствен бизнис и како да ги зајакнат своите капацитети за иновации и претприемништво.
Активностите на Кампот ќе бидат од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент; но и обуки за изработка на професионална биографија; life-skills;како и организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик).
Учесниците на Кампот ќе бидат сместени во соодветен угостителски објект на база 5 дена/4 ноќи, каде ќе се одржат сите активности. Со цел успешно да се спроведе Кампот, покрај обучувачите од Knowledge Center, на кампот ќе учестуваат и успешни претприемачи од регионот кои ќе ги споделат своие приказни со учесниците.
Услови кои што треба да ги исполнувате доколку сакате да учествувате на кампот се: 1) да сте на возраст помеѓу 18-29 години и 2) да живеете во некоја од 10-те општини кои го сочинуваат Југоисточен плански регион. Селекцијата на најдобрите 15 кандидати ќе биде според квалитетот на вашиот одговор за идејата која ја имате, областа во која сакате да работите, и проблемот кој сакате да го решите.
Рокот за пријавување е до 20-ти февруари, 2017. За повеќе информации можете да не контактирате на ivana.hristova@rdc.mk(тел. 071 22 11 32) и kc.julija@gmail.com(тел. 078 30 15 40).
Повеќе за Кампот можете да прочитате на следниот линк http://i-lab.mk/index.php/mk/news-events-mk/245-wanted
Апликацијата може да ја пополните на следниот линк:http://i-lab.mk/index.php/mk/proekti/247-kamp-za-mladi-inovatori-i-pretpriemachi
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




