19 Мај, 2024
0.0303

Кампањата „Патот до здрави заби“ Четко прашува, дружината одговара

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Четко Четковски го продолжува едукативниот пат со дечињата.

На преубавиот кањон Матка, во сабота 16.05.2015, од 12 до 14 часот, Четко ќе се дружи со децата во рамки на кампањата на Лакалут „Патот до здрави заби“.

Овој пат Четко прашува, дружината одговара. Дојде време јунаците да покажат што научиле за своите запчиња и да играат Квиз.

Освен дружењето,  децата ќе се едуцираат за миењето заби со одговарање на 50 поставени прашања, како што се „колку минути треба да се мијат запчиња за да бидат здрави“, „колку пати на ден треба да миеме запчиња“, „кои се правилните движења на четката“, „кога да посетиме стоматолог“. Со овие и многу други прашања и нивните одговори, Четко ќе ги научи дечињата како всушност да ја  формираат убавината и здравјето на нивната насмевка.

cetko 2

Нашите најмали и најмили конечно го добија својот омилен лик со кој редовно се забавуваат и секој викенд ја повторуваат старата лекција за здравјето на запчињата, а ја учат новата.

Со преглед на ова видео https://www.youtube.com/watch?v=5IRFLxwpyy4&feature=youtu.be  ќе можете да ја доживеете заедничката приказна на Четко и нашите дечиња.

Учество во игрите се обезбедува со боенка, која секое дете може да ја добие со купен Лакалут детски производ. Секое дете на возраст до 13 години има право да учествува во оваа и во сите останати игри кои ќе се случуваат во следните два месеци. На дечињата до 6 годишна возраст ќе им биде дозволена помош од нивните родители, додека останатите ќе треба да играат самостојно.

Кампањата „Патот до здрави заби“ се реализира под мотото „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.

 Кампањата „Патот до здрави заби“ е подржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст