29 Септември, 2024
0.0258

Канада ги укинува визите за инвеститори

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Канада става крај на инвесторската програма која им овозможи на голем број богати Кинези да се преселат во земјата, пишува CNN. Програмата им овозможува на богати инвеститори да аплицираат за постојан престој во Канада, под услов дека поседуваат нето состојба од 1,6 милиони канадски долари (1,5 милиони долари) и да инвестираат 800 илјади канадски долари во форма на долгорочен бескаматен заем за владата. Програмата сепак ќе биде прекината, бидејќи владата оценила дека економската корист не е доволна. "Малку се докази за тоа дека имигрантите инвеститори ги одржуваат врските со Канада и придонесуваат за економскиот развој на земјата", се вели во извештајот на Министерството за финансии на Канада за буџетот за 2014 година. Оние кои ја користеле програмата, плаќале пониски даноци од останатите економски имигранти и нивно останување во Канада за подолг временски период било помалку веројатно, се вели во соопштението на владата. Сите 65 илјади поднесени апликации за програмата ќе бидат вратени, а платените такси, исто така ќе бидат обновени. Околу 70% од апликациите биле поднесени од кинески државјани, пренесува South China Morning Post. По престанокот на програмата Канада предвидува тестирање на нови такви со цел да се најде иновативни пристапи кон бизнис имиграција кои ќе го помогнат растот на канадската економија. Канада не е единствената земја во која постојат слични практики. Во САД функционира нова програма која им овозможува на инвеститорите за инвестиција од 500 илјади долари да добијат зелена карта. Кипар нуди визи за постојан престој при инвестиција од 300 илјади евра, а Португалија нуди слична зделка за 500 илјади евра. Во Грција, која голем дел од младите ја напуштаат во насока кон Северна Европа, инвестиција во недвижен имот од 250 илјади евра обезбедува дозвола за престој за период од 5 години.   K.K.

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот