Добивај вести на Viber
Канадската Влада се подготвува да ги олабави високите царини за увоз на млеко и млечни производи кои ги штитат домашните производители од странската конкуренција, и да дозволи влез на повеќе европски сирења во земјата за возврат за поголем пристап кон пазарите во ЕУ за канадското говедско и свинско месо.
Како што пишува канадскиот весник Глоуб енд мејл, ова ова се дел од предлозите кои ќе се најдат на преговарачка маса, кога канадскиот министер за меѓународна тровија Ед Фаст, ќе се сретне со неговиот колега од Европската Унија, Карел де Гухт, во Отава, во обид да се изедначат разликите во разговорите за слободна трговија со ЕУ, кои веќе се одолговлекоа.
Канада сака гарантиран годишен пристап кон сите 27 пазари на унијата со десетици илјади метрички тони говедско месо. Канадскиот извоз во ЕУ денес е недостапен од бројни причини, меѓу кои е забраната од Брисел за говедско месо од животни третирани со хормони за раст.
Извори од оваа индустрија велат дека прозводителите на говедско нема да бидат задоволни, освен ако Отава не обезбеди влез на барем најмалку 40.000 тони говедско во ЕУ. Тие велат дека се што е под таа квота, ќе обезбеди недоволна иницијатива кај канадските производител да ги престројат погоните кон производство на говедско без хормони.
Канада е расположена да ги намали бариерите кои ја штитат заштитената млечна индустрија во земјата, како дел од договорот со Европската Унија. Канадските царински тарифи, кои одат од 200 до 300 проценти, ги обесхрабруваат странските увози на сирење.
Околу 20,4000 тони сирење од странство во моментов годишно влегуваат во Канада, преку специјални бесцарински договори, како што е тој со Европската Унија. На ЕУ, која веќе има лавовски удел во ваквиот слободен царински пристап, и е дозволено да увезува околу 13,4000 тони сирење годишно под овој довогор. Тоа е повеќе од 3 проценти од сегашната годишна потрошувачка на сирење во Канада.
ЕУ бара да извезува уште околу 10.000 тони сирење во земјата, под истиот слободен царински пристап, велат извори од канадската млечна индустрија, и додаваат дека не веруваат оти Отава ќе се согласи на толкав обем на отстапки. Канадската влада одби да ја потврди оваа количина или колку е подготвена да понуди како дел од овие преговори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.