16 Декември, 2025
0.0280

Канаѓаните „полудеа“ по хрватски работници – работеле за 50% помала плата!

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2014 10:41

Добивај вести на Viber

Големо незадоволство меѓу канадските работници предизвика потегот на компанијата Pacer-Promec која на нафтените полиња со кои стопанисува се одлучи да отпушти 65 канадски државјани и сите да ги замени со работници од Хрватска затоа што прифатиле да работат за 50% пониска плата! Според информациите на Dnevnik.hr, канадските работници за истите задачи добивале по 36 долари на час, додека хрватските прифатиле да работат за 18 канадски долари. Скандалот стигнал и до федералните министри во Канада кои биле принудени да реагираат. „Иако во Канада постои програма за привремено вработување на работници од странство, таа сепак не важи за сите дејности, особено ако има канадски државјани кои се подготвени да ја извршуваат таа работа“, рекол министерот за труд Томас Лукашук и додал дека таа програма не смее да стимулира вработување на евтина работна сила од странство. Компанијата Pacer-Promec била принудена да ја признае грешката и да ги врати канадските работници на работа, а хрватските да ги распореди на други проекти. Инаку, компаниите во Канада за кои ќе се открие дека ја злоупотребуваат програмата за вработување на странци, се ставаат на црна листа и немаат право веќе да вработуваат странски државјани.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството