19 Декември, 2025
0.0465

Канческа-Милевска: Без срам коментираат зошто протестирате, а тие кршеа, фарбаа и уништуваа

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 16:00

Добивај вести на Viber

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го помина својот ред меѓу говорниците на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред ДИК од каде посочи дека опозицијата без срам коментира зошто овие луѓе се собрале тука, а токму тие имаа најрадикални протести.

- Слушам овие денови го коментираат вашето присуство овде, без срам и без совест коментираат зошто вие сте дошле овде и го браните својот глас, зошто ги браните резултатите на овие демократски избори- нели е срамота тоа? Не го коментираат уништувањето претходно и сето она што го направи СДСМ. Уништуваа државни институции, фрлаа со камења, фарбаа споменици, ја уништуваа нашата култура и историја, го уништуваа нашиот идентитет, македонскиот идентитет, а сега коментираат зошто граѓаните излегле на мирни протести да ја одбранат својата волја, своите резултати.

Ова го истакна Елизабета Канческа- Милевска од ВМРО-ДПМНЕ обраќајки се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

- Нема да дозволиме, доста беше понижување, доста беше уништување на Македонија со разни сценарија. Сакам да порачам дека македонскиот народ не може да се потценува. Македонскиот народ е тој кој ќе ја даде својата волја и својот глас кој во иднина ќе раководи со Македонија и тоа го покажа на овие избори со 455.000 гласови- тоа е иднината за Македонија. Нема да дозволиме повеќе интриги, делби и уништување на македонскиот интегритет и суверенитет.

На овие избори, додаде Канческа- Милевска, јасна беше волјата на граѓаните кој ќе раководи со Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки