20 Декември, 2025
0.1157

Кандидатите за полицајци пред МВР протестираа за вработување

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2016 16:58

Добивај вести на Viber

Да се реши статусот на 660 кандидати за полицајци денеска пред МВР беше побарано преку протест. 

Станува збор за кандидати од генерацијата 2015/2016 кои успешно ја завршиле обуката и на 8 октомври 2016 година положиле свечена заклетва.

Ѓорѓија Коларовски е еден од кандидатите и во име на неговите колеги побара што поскоро да се реши нивниот статус. Вели дека не сакаат да бидат жртви на системот, а воедно потврдува дека не се поврзани со ниту една политичка партија. Додава дека дел од нив имаат оформено семејства и вработувањето им е особено важно. 

„Ние сакаме да им помогнеме на нашите колеги кои секојдневно се соочуваат со дефицит на работен кадар и се растргнати на сите страни. Бараме можност да се докажеме и покажеме. Можност од која не дели само еден потпис на нашите договори за вработување, како и можност за стабилна егзистенција“ - вели Коларовски.

Кажа дека денеска биле примени од министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу кој ги известил дека на 10 октомври 2016 година било доставено барање до Министерството за финансии, но добиле одговор дека е потребно доставување на уште едно во 2017 година. Нухиу им ветил на кандидатите дека по новогодишните празници од МВР ќе испратат повторно барање до Министерството за финансии.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки