05 Декември, 2025
0.0314

Канцерогената српска пченка стигна на македонските трпези, се продавала по големите маркети!

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2012 12:48

Добивај вести на Viber

Осум тони пченкарно брашно се повлечени, а според проценките на Агенција за храна и ветеринарство голем дел од канцерогеното српско брашно кое влезе во Македонија веќе се има и продадено. Дел од ова брашно се продавало и на полиците во поголемите маркети низ Македонија. Како што веќе информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство,  лабораториски анализи покажале дека има присуство на афлатоксин над дозволеното во неколку примероци пченкарно брашно увезено од Србија. „Веднаш по добивањето на резултатите од анализите, Агенцијата забрани ставање во промет и нареди повлекување на пченкарното брашно кај кое е утврдено присуство на афлатоксини над дозволеното“, тврдеа вчера од Агенцијата. По добиената информацијата преку Системот за рано предупредување на Европската унија за присуство на афлатоксини во пченката по потекло од Србија, инспекциските служби на Агенцијата за храна посочија дека засилена е контролата со задолжително лабораториско испитување на пченката и производите од пченка на граничните премини и во внатрешниот промет. Сепак, дел од канцерогената пченка стигна до трпезите на македонските граѓани.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?