Капитал ассет менаџмент рамо до рамо со врвни светски аналитички институции
Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2024
Единственото македонско друштво за инвестиционо советување Капитал ассет менаџмент Скопје со квалитетот, релевантноста и професионалноста на своите анализи застана рамо до рамо со најпознати светски брендови од областа на инвестициското банкарство. Имено, словенечката банка НЛБ говброи Друштвотозаедно соЈП Морган, Дојче Банк, Рајфајзен банка Ерсте банка и неколку други познати брендови, како институција која со своите анализи активно го покрива работењето на НЛБ Групацијата. Ваквата информација ја потврдува професионалноста во пристапот на Друштвото кон квалитетот на анализите што се изработуваат за инвестициитекои ги прави за своите клиенти.
„Со големо задоволство објавуваме дека нашата компанија официјално е вклучена на листата на институциикои го покриваат работењето на НЛБ Групацијата, придружувајќи се на истакнати финансиски институции како Дојче банк, Рајфајзен банка, ЈП Морган, Ерсте банка и други. Ова признание доаѓа по сеопфатна проверка на нашите материјали од тимот за односи со инвеститори на НЛБ Групацијата во Словенија, нагласувајќи го квалитетот и посветеноста на нашите аналитичари. Длабоко сме почестени дека сме вклучени во ваква престижна листа и за нас претставува своевидно признание за напорите и трудот што се вложени во нашето работење“, објаснува Коста Костадиновски, главен портфолио менаџер и основач на Капитал ассет менаџмент.
Вбројувањето на Капитал ассет менаџмент со овие светски познати компании претставува сериозен комплимент за единствената компанија од Македонија и поблискиот регион излистана на страницата на НЛБ групацијата како официјален аналитичар (https://www.nlb.si/analitiki).
„Ова престижно вклучување означува значаен чекор напред за нашата компанија. Нашето вбројување во листа заедно со некои од најугледните имиња во финансиската индустрија, не само што ја зголемува нашата кредибилност, туку и ја одразува големата посветеност за извонредност во она што го работиме. Искажуваме искрена благодарност до НЛБ Групацијата за оваа можност и до нашиот посветен тим, чија напорна работа и професионалност го направија ова возможно. Ова признание служи како потврда за професионалноста на нашиот тим и високите стандарди што се стремиме да ги одржуваме во работата“, вели Костадиновски.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!
„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец
