30 Октомври, 2024
0.0256

Се одржа третото издание на Digiton Conference: Најголемата регионална конференција за Microsoft бизнис технологии

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

На 22 и 23 октомври, во организација на Axapta Masters и Axapta Learning Center се одржа третото издание на најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии, Digiton Conference. Под истото мото како минатогодишните изданија „The Future is Digital“, учесниците имаа можност да ги слушнат сите новости во областа на Microsoft бизнис технологиите презентирани од светски познати предавачи, меѓу кои иMicrosoft MVP-а, Microsoft FastTrack архитекти како и домашни и регионални експерти во индустријата.

Со проучување на најновите трендови и иновации во индустријата, како и со размена на искуства и знаења преку дискусии, учесниците на Digiton Conference добија детална претстава за влијанието и можностите што ги нудат бизнис технологиите на Microsoft.

Како за крај на првиот ден, беше одржана Keynote сесија од страна на Љупчо Георгиевски, директор на Microsoft Македонија и Косово, Ненад Сљивиќ, менаџер за развој на Microsoft, и Бојан Димитриевски, оперативен директор на Axapta Masters.
Тие дадоа целосен осврт на моменталните случувања и новости во светот на Microsoft, како и се поголемата експанзија на вештачката интелигенција во техничките сфери на индустријата.

Вториот ден од конференцијата беше поделен на бизнис и технички дел. Предавањата се одржаа во три конференциски сали наизменично, што е доказ за растот на заинтересираноста за конференцијата која е поголема од година во година.

Третото издание на Digiton Conference се покажа како одлична можност за над 300 учесници да ги прошират своите видици и да воспостават директен контакт со врвни експерти и професионалци во областа на Microsoft бизнис технологиите. Со значајниот интерес и учество на домашни и меѓународни експерти, како и на компании и клиенти од различни сектори, конференцијата уште еднаш покажа дека е најважен и најголем настан во државата за Microsoft бизнис технологии, каде што се разменуваат идеи, знаења и искуства.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Делегација од земјава ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии “Microbalkans 2024” во Сараево

Делегација од земјава ќе учествува на регионалната конференција за микрофинансии “Microbalkans 2024” во Сараево

Gold Slot Club ви го најавува свеченото отворање на новото казино на Качанички Пат во Скопје

Gold Slot Club ви го најавува свеченото отворање на новото казино на Качанички Пат во Скопје

Официјално отворен Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

Официјално отворен Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“

А1 Македонија со ново бизнис-портфолио: Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

А1 Македонија со ново бизнис-портфолио: Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

Работилница инспирирана од „Разбуди го родителот во себе“ со проф. д-р Соња Китановска-Кимовска во Битола

Работилница инспирирана од „Разбуди го родителот во себе“ со проф. д-р Соња Китановска-Кимовска во Битола

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Г.Д. ОД ОХРИД ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.901.635

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Г.Д. ОД ОХРИД ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.901.635

СЛАВИМЕ РОДЕНДЕН ВО ДИСКО СТИЛ – ИСТ ГЕЈТ МОЛ ГО СЛАВИ СВОЈОТ ТРЕТ РОДЕНДЕН

СЛАВИМЕ РОДЕНДЕН ВО ДИСКО СТИЛ – ИСТ ГЕЈТ МОЛ ГО СЛАВИ СВОЈОТ ТРЕТ РОДЕНДЕН

ВФП Етикс Акции - нов инвестициски фонд на пазарот

ВФП Етикс Акции - нов инвестициски фонд на пазарот