28 Март, 2024
0.0266

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД - Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и набизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост.

Анализата на податоците од работењето на Банката во минатата година покажува раст и развој во сите сегменти. Постигнувањата се резултат на стабилниот систем на Банката, внимателното пристапување кон ризиците, докажаниот бизнис-модел, силната капитална позиција и доброто корпоративно управување. Сето ова го зацврстува статусот на Стопанска банка како лидер во пазарното учество и важен фактор во креирањето и одржувањето на стабилноста на финансискиот систем во земјата.

Стопанска банка успешно се справи со наметнатите предизвици од неизвесното финансиско опкружување на светско ниво и ја заврши годината со нето добивка пред оданочување во износ од 2.617.019 илјади денари (42.557.860 евра). Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари (62.626.713 евра), што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година.

Поддршката на населението и стопанството е евидентнa преку зголеменото кредитно портфолио за 10% во однос на минатата година. Фокусот на Банката и во наредниот период ќе биде насочен кон кредитниот раст преку пласман на кредити за физички лица и за бизнис-секторот. И покрај финансиската несигурност и високата инфлација, депозитите пораснаа за 5%, што ја потврдува силната доверба на клиентите во Банката. 

Банката со најдолга традиција на пазарот минатата година започна ново поглавје во своето работење со инвестиција во новата компанија „Стопанска лизинг“, која на физичките лица и компаниите им нуди финансиски и оперативен лизинг преку највисоко ниво на финансиска поддршка и советување. Со ова Банката го збогати финансискиот пазар со нови производи во сферата на лизингот. 

Позитивните финансиски резултати се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции на Стопанска банка. Најзначајна од нив е и изградбата на нова административна зграда во центарот на Скопје која започна при крајот на 2022 година. Оваа многу значајна инвестиција на Банката, за чија изведба и изградба се ангажирани исклучиво домашни компании, претставува значаен проект не само за вработените и клиентите туку и поттик за целокупната економија во земјата. Покрај тоа, Банката продолжува со инвестициите во дигитализацијата на банкарските услуги во согласност со светските трендови и вложувањето во развојот и едукацијата на вработените. 

Минатата 2022 година на Стопанска банка АД – Скопје ѝ донесе признание за најдобра банка во Република Северна Македонија според реномираниот магазин „Euromoney“од Лондон, Обединетото Кралство, кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија