20 Декември, 2025
0.0934

Капитол Мол денеска и официјално ги отвора своите врати – B-Watch со неверојатен попуст за сите!

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2013 10:01

Добивај вести на Viber

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Capitol Mall & Residence денеска во 12 часот и официјално ќе ги отвори своите врати. Новиот луксузен трговски центар се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети на шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2. На приземјето, Шопинг центарот нуди голем Рамстор супермаркет – конципиран по најсовремените светски трендови во оваа област, потоа два кафе-бара со уредени тераси, менувачница и брз трансфер на пари, аптека, оптика, цвеќарница, продавница за органска храна, продавница за модни додатоци, телекомуникациски услуги, инфо центар, но и неколку продавници со реномирани интернационални модни брендови кои за прв пат доаѓаат на македонскиот пазар. Првиот кат има дополнителна разновидна понуда на познати модни марки. Меѓу нив е и познатиот бренд B-Watch, кој останува прв избор кога станува збор за купување на часовник. За сите оние кои ќе сакаат да се подноват на денот на отворањето, од B-Watch подготвија специјална понуда – 20% попуст на сите часовници, а доколку се одлучите за два модели, дополнително ќе добиете и -50% на вториот часовник! Вториот кат од трговскиот центар е наменет за облека и за играчки за деца, потоа мега продавница за спортска опрема, како и за новата понуда во интегрираното шопинг искуство – современиот финтес центар. Третиот кат е повторно резервиран за најмладите – за детскиот центар. Но, исто така, ова е и катот на хедонизмот – гастрономско патување со интернационалните и локалните вкусови, зачинет со прекрасен поглед на Скопје. Capitol Mall располага со свој бесплатен паркинг на три нивоа, со 450 паркинг места, како и со бесплатен Wi-Fi / интернет пристап низ целиот комплекс. Инвестицијата за Capitol Mall & Residence е вредна 30 милиони евра. Тоа е домашна, македонска инвестиција, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени преку 250 работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повечето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Capitol Mall & Residence, воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.    

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии