07 Октомври, 2024
0.0335

Караџовска ќе протестира пред Влада: Крик за здравјето од инвалидска количка

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Снежана Караџовска која пред три години настрада во сообраќајна несреќа во отворено писмо до надлежните институции и до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, министерот Венко Филипче и директорот на ФЗОМ Ден Дончев, ги известува дека во вторник ќе протестира пред Владата. Тоа е ден пред протестот против насилството врз докторите. Караџовска е неподвижна откако ги изгуби двете нозе во сообраќајката.

„Ќе протестирам да им се овозможи на пациентите ( во случајот мене) да имаат увид, кој тоа во ФЗОМ, членови на комисијата, со име и презиме, укинуваат конзилијарно мислење и зошто?

ЗАРЕМ ДОКТОРИТЕ НЕ ПОСТОЈАТ ПОРАДИ ПАЦИЕНТИТЕ ?
Велам зошто, затоа што две години пред да го добијам конзилијарното мислење, навистина се исцрпеа сите средства во нашата држава како што впрочем и пишува во истото и во другите мислења од други релевантни институции и се предложи операција во странство, во Холандија.
Хумано и етички како што јас ги доживувам белите мантили, е да му се каже на пациентот што е тоа што му се нуди, а не да се кријат членовите од комисијата позади одлуката што ја донеле, која е повеќе политичка и неправедна, отколку во корист на пациентот.

СЕ ГРИЖИМЕ- за кого како?

Мене ми е многу жал што до тука стигнаа работите, но очигледно и покрај сите мои напори и огромно трпение, иако требаше досега со приоритет да ме пратите во Холандија, не наидов на правда, право, хуманост и малку разбирање.
Барањата за промена на законите во корист на граѓаните се малку поголеми, но многу, многу оправдани, пишува Караџовска.

Вели дека операцијата е закажана за октомври, па бара да се лекува во Холандија, каде работи тим на доктори многу години и се успешни во истото. 

За Караџовска имаше неколку хуманитарни акции.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил