07 Мај, 2024
0.0243

Каракачанов: Авганистанците на Заев од 450 може да станат 45.000

Објавено во: Балкан 20 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Красимир Каракачанов, еден од најзаслужните бугарски политичари поради кои Македонија се соочува со блокада за добивање датум за преговори со ЕУ вели дека планираните 450 бегалци од Авганистан кои се очекува да пристигнат во Македонија во иднина може да станат 45.000.

Според поранешниот вицепремиер на Бугарија, Заев сака да им се допадне со овој потег, како што вели, на Американците, а повлече и паралела со потегот на поранешниот претседател Киро Глигоров, кој според Каракачанов, дал 150.000 македонски државјанства за Албанци од Косово за да победи на избори.

„Господинот Заев едноставно сака да им се допадне на Американците. Зарем тоа не го гледате сите? Тоа не е политика само на господинот Заев. Ако се сеќавате господинот Киро Глигоров меѓу првиот и вториот круг на првите претседателски избори даде државјанства на 150 000 Албанци од Косово. Така ги доби изборите, но создаде голем внатрешен проблем. Тоа го велам не поради тоа што не ги сакам Албанците, напротив. Албанците и ВМРО секогаш биле историски партнери во борбата против српскиот шовинизам и српското ропство во Македонија. Овде не говорам за локалните Албанци туку за времето во 1991 година, за 150 000 државјани на Југославија кои се родени и живееле во Косово.
И во времето на Груевски и сега во времето на Заев македонските политичари сакаат да им се допаднат на лидерите од Западна Европа, бидејќи сметаат дека ќе добијат благодарност за тоа. Практиката покажува дека благодарност нема и ако сам не си ги браниш интересите, нема кој да ти помогне утре, ако побараш помош. Господинот Заев со тоа што ќе прифати 450 Авганистанци ќе создаде 450 проблеми во иднина за Македонија. Прво нема никаква Гаранција какви се тие Авганистанци. Талибанците и Муџахедините се две различни крила на едни исти исламски радикални фундаменталисти. На Балканот и така веќе има покрај војните во Сирија има луѓе кои се радикални муслимани. Да донесеш уште 450 Авганистанци и потоа според европската регулатива тие ќе можат да си ги донесат и семејствата. Кога велам семејства мислам не само на жената и децата, туку и роднините и бабите и братучедите. Овие луѓе можат да станат од 450 на 45 000. Не знам дали и е потребно тоа на Македонија. Не знам што е поважно. Да си ја браниш државата или да ја продаваш за да им се допаднеш на некому во Брисел или Вашингтон. Ниту Брисел ниту Вашингтон ќе ги решат проблемите во Македонија. Како што се сеќавате тие не ги решија проблемите во 2001 година за време на конфликтот. Како што рекол мудриот наш народ „помогни си сам за да ти помогне Господ“., вели поранешниот министер за одбрана во последното интервју за „Трибуна“.

Каракачанов во рамки на истото прашање за тоа дали Бугарија се покажала помалку кооперативна од Македонија во однос на бегалската криза во Авганистан тој претходно иронично рече дека ние ќе вдомиме 450 Авганистанци затоа што претходно „Александар го освоил Авганистан и Македонците имаат потомци таму“.

„Во дилема сум како да ви одговорам на тоа прашање. На шега или сериозно… Ајде ќе почнам со шегата. Нормално е господинот Заев да прими Авганистанци. На крајот на краиштата за време на Груевски се разбра дека антички Македонци живеат во Авганистан и Пакистан. Дури и на еден пакистански селски кмет му подаривте земја кај Охридското езеро. Го објавивте за крал Газанфар итн. Како директен потомок на Александар Македонски. Како што е познато Александар Македонски го освоил Авганистан и стигнал до Пакистан. Сосема нормално е господинот Заев да ги прифати овие поранешни антички Македонци во нивната родна земја“, кажува Каракачанов.



Можеби ќе ве интересира

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста