26 Ноември, 2024
0.0278

Каракачанов порачува - ако нема договор за историските прашања, Бугарија ќе ни ги блокира преговорите со ЕУ

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прањања, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој во изјава за ТВ 24 вели дека македонската дипломатија веќе три години откако е потпишан Договорот за добрососедство одбегнува решавање на проблемите и очекува ЕУ да застане во одбрана.

Според официјална Софија, македонската страна ги избегнува состаноците на историчарите за да не се соочи со решавање на прашањето за Гоце Делчев и со тоа покажува дека нема желба да води искрен дијалог.

„Минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Ние сме го кажале тоа сто пати во последните десет месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат исчистени. Тоа е позицијата на Бугарија. И тоа е многу јасно во Скопје, изјави Каракачанов.

На прашањето, дали тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција, Каракачнов директно одговара: „Се разбира".

Каракачанов не сакаше да каже дали Бугарија ќе продолжи да го проблематизира македонскиот јазик пред усвојувањето на преговарачката рамка.

Според него, проблемот е во Скопје, а не во Софија. Каракачанов порачува дека никој од ЕУ не може да притисне и да и укаже на Бугарија да ја промени позицијата и не може само едната страна да прави компромиси, а другата да прави што сака.

„Јас сметам штом имаме договори треба да се почитуваат. Вие се согласивте да го смените знамето, да гo смените името. А со онаа земја која секогаш ѝ помагала на Македонија сметате дека може да постапите некоректно. Во меѓународните односи мора да има реципроцит. И кога Бугарија се однесува џентлменски, се однесува коректно, кога и помага на Македонија, кога беше првата држава што ја призна Македонија, логично е да има реципрочно добро однесување и од другата страна“, вели Каракачанов

Дипломатите на земјите членки на ЕУ вчера се состанаа, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Македонија. Продолжението на дискусијата на техничко ниво во ЕУ треба да продолжи в петок.

Македонскиот државен врв во повеќе наврати јавно го изнесуваше ставот дека не очекува Бугарија да го блокира стартот на преговорите со ЕУ. Официјално Скопје очекува наскоро да биде објавена преговарачката рамка, а меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори со ЕУ да се случи до крајот на годинава, пренесува МИА.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ