19 Мај, 2024
0.0276

Каракачанов: ВМРО никогаш не земала пари од документи за бугарско државјанство

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО никогаш не земала пари од документи за бугарско државјанство, секогаш сме ја бранеле каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство по олесната постапка. Ова го објави во емисијата "Ова утро" министерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов по повод обвинувањата на новинарот и политичар Велизар Енчев, пренесуваат бугарските медиуми.

Енчев вчера соопшти дека за апсењата во Агенцијата за Бугари во странство под обвинение за трговија со бугарско државјанство политичка одговорност треба да понесе Каракачанов. Според него Агенцијата за Бугарите во странство е под надзор на Валери Симеонов (НФСБ), но од 2014 година до сега за сите началници на агенцијата гарантирал Красимир Каракачанов (ВМРО).

Велизар Енчев, исто така, се осврна и на извештаите испратени до институциите од страна на поранешниот директор на Агенцијата за Бугари во странство, Катја Матева.

Красимир Каракачанов признал дека го предложил уапсениот и обвинет за корупција Петар Харалампиев за претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство. Тој, исто така, признава дека ова можеби е грешка.

Харалампиев е лидер на патриотско движење, кое е во коалиција со Обединетите патриоти, прецизира вицепремиерот.

Тој ги опишал изјавите на Енчев и Матева како клевета и политички напад.

Според него Катја Матев е отпуштена од Министерство за правда за спречување на државјанство за етничките Бугари и приоритетно давање на државјанство на етничките Турци.

"Таа доброволно скратувала преписки. Од 2016 година има истрага, а потоа и е забранет пристапот до класифицирани информации. Нејзината политика беше да ги спречи Македонците да добијат бугарско државјанство и да им дозволи на турските граѓани да станат бугарски. Нејзината политика беше национално предавство", рече Каракачанов, пренесува standartnews.bg.

Според лидерот на ВМРО до продавање на документи за државјанство дошло токму поради фактот дека Матев ja комплицирала процедура за државјанство на етнички Бугари.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот