Карантин и во северна Грција

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Октомври, 2020
Карантин се воведува и во северна Грција.
Во северниот грчки регион Кожани, каде живеат околу 150.000 луѓе, од денеска повторно се воведени мерки на изолација.
Оваа мерка се воведува по појавата на десетина нови случаи на зараза со коронавирус во октомври.
Изолацијата ќе биде на сила до 29 октомври, објави синоќа грчката Агенција за здравство.
Маските се задолжителни надвор и внатре на работните места, сите собирања се забранети и секое движење надвор од зоните е забрането.
Сите продавници, спортски сали, судови, ресторани, кина, музеи, археолошки локалитети во регионот се затворени, вклучувајќи го и градот Кожани, на северот од земјата.
Во Грција од коронавирусот починаа 490 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница

Од коронавирусот почина српскиот началник за вонредни ситуации

ПРВ СЛУЧАЈ НА ПОЧИНАТО ДЕТЕ ОД ВИРУСОТ ВО ХРВАТСКА: Причината е постковид синдром
